Ѓоре Ѓелев
Ѓоре Ѓелев (роден 25 октомври 1983 година во Велес) - македонски писател. Пишува поезија, раскази и сценарија за стрипови. По професија е инженер по системски софтвер.
Биографија
уредиЃоре Ѓелев[1] е роден 25 октомври 1983 година во Велес. Основно образование завршува во ООУ „Трајко Андреев“ во Велес, а потоа се запишува во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ во Велес. По завршување на средното образование студира на Природно-математичкиот факултет во Скопје на Институтот по Информатика. Дипломирал во 2007 и се здобил со звање „Инженер по системски софтвер“. Моментално живее и работи во Скопје. Работи во индустријата за развој на софтвер. Активен член е на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ во Велес. Наградуван е на неколку литературни конкурси за песни и раскази, како и на натпревари по кинеска калиграфија.
Ѓоре Ѓелев | |
---|---|
Роден/а | 25 октомври 1983 Велес, Македонија |
Јазик | македонски,англиски |
Националност | Македонец |
Образование | Природно-математичкиот факултет во Скопје на Институтот по Информатика-Инженер по системски софтвер |
Негови песни и раскази се дел од повеќе заеднички збирки и списанија. Учествувал на бројни поетски и литературни настани низ Македонија, меѓу кои:
- „Рацинови средби“[2] - Велес
- „Лирски треперења“ - Крива Паланка
- „Велешка поетска вечер“ [3]– Велес
Учествувал на повеќе групни стрип изложби во Македонија и надвор од неа.
- „Интернацинален стрип фестивал“[2] - Велес, Македонија
Творештво
уредиАвтор е на следните стихозбиркиː
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- ↑ „Ѓоре Ѓелев“. gjoregjelev.art. Посетено на 2024-01-21.
- ↑ „СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА РАЦИНОВИ СРЕДБИ“. Општина Велес. Посетено на 2024-01-21.
- ↑ Dimche (2023-09-15). „По четиринаесети пат, „Велешка поетска вечер"“. BATALI.net. Посетено на 2024-01-21.
- ↑ Makedonika. „Лиричност од Шекспирова“. Македоника Литера (англиски). Посетено на 2024-01-21.
- ↑ Умно.мк, од (2023-03-17). „Поетска книга „Тежината на вториот чекор" на Ѓоре Ѓелев - УМНО.МК“. Посетено на 2024-01-21.