„'Ko me zove“ (македонски: Кој ме вика) е песна од хрватскиот поп бенд Магазин, од нивниот петнаесетти целокупен и четврт студиски албум со Јелена Розга како главен вокал, насловен S druge strane mjeseca (Од другата страна на месечината). Како најголемиот број песни, напишана е од страна на хрватскиот музичар и продуцент Тончи Хуљиќ и неговата сопруга, хрватската поетеса и текстописец Вјекослава Хуљиќ.
Песната била издадена како сингл од албумот во 2002 година. Важи за една од најпознатите песни на бендот, а и во соло кариерата на главната пејачка Розга. Песната била промовирана со музичко видео во кое се појавува Розга и бендот, а Хуљиќ и членовите на бендот се претставени нашминкан како кловнови, односно Џокери. Видеото е во уметнички стил и ги прикажува сите поединечно. Розга е прикажана како е облечена во ноќница во соба со кревет. Промоцијата се одвива и преку бројни настапи во живо, како на бендот така и на пејачката при своите подоцнежни солистички концерти. Розга исто така снимила преработена акустична верзија од песната за нејзиниот албум Minut Srca Mog.