„Ne vjerujem tebi, ne vjerujem sebi“ (македонски: Не ти верувам тебе, не си верувам себеси) е песна од хрватскиот поп бенд Магазин, од нивниот петнаесетти целокупен и четврт студиски албум со Јелена Розга како главен вокал, насловен S druge strane mjeseca (Од другата страна на месечината). Како најголемиот број песни, напишана е од страна на хрватскиот музичар и продуцент Тончи Хуљиќ и неговата сопруга, хрватската поетеса и текстописец Вјекослава Хуљиќ. Песната била промовирана преку настапи во живо, како на бендот така и на пејачката при своите подоцнежни солистички концерти.