Wolfenstein: The New Order
Wolfenstein: The New Order (македонски: Волфенштајн: Новиот поредок) — пукачка игра од прво лице развиена од шведската компанија MachineGames и објавена од Bethesda Softworks во 2014 г. на платформите Windows, PlayStation 3, PlayStation 4, Xbox 360 и Xbox One. Дел е од серијата компјутерски игри Wolfenstein. Настаните во The New Order се случуваат во алтернативен универзум во кој Нацистичка Германија, откако направила технолошки скок, успеала да победи во Втората светска војна. Играта започнува во 1946 г., кога главниот лик, капетанот Вилијам „Би-Џеј“ Блазковиц, се здобива со повреда на главата за време на напад над германска крепост. По 14 години поминати во вегетативна состојба, јунакот се вразумува во 1960 г. и гледа дистописки свет строго управуван од нацистичкиот режим. Играта е пукачка од прво лице во која играчот мора да се бори со нацистички војници и роботи на различни места низ светот.[1][2]
Wolfenstein: The New Order | |
---|---|
Изработувач(и) | MachineGames |
Издавач(и) | Bethesda Softworks |
Режисер(и) |
|
Продуцент(и) | Ларс Јохансон |
Дизајнер(и) | Јерк Густафсон |
Програмер(и) | Јим Шелин |
Уметник(ци) |
|
Писател(и) |
|
Композитор(и) | Мик Гордон |
Серијал | Wolfenstein |
Погон | id Tech 5 |
Подлоги | |
Датум на издавање | 20 мај 2014 г. |
Жанр(ови) | акциона игра, пукачка игра од прво лице |
Режим(и) | едноиграчки |
Наводи
уреди- ↑ „Wolfenstein: The New Order от Bethesda Softworks уже в продаже“. 1С-СофтКлаб. 2014-05-20. Архивирано од изворникот на 2014-08-12. Посетено на 2017-04-22. Занемарен непознатиот параметар
|deadlink=
(се препорачува|url-status=
) (help) - ↑ Chris Capel (2017-10-22). „Revisiting Raven's Wolfenstein“. Eurogamer (англиски). Архивирано од изворникот на 2020-06-26. Посетено на 2020-06-24. Занемарен непознатиот параметар
|deadlink=
(се препорачува|url-status=
) (help)
Надворешни врски
уреди„Wolfenstein: The New Order“ на Ризницата ? |