Прелистувач
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Прелистувач (англиски: web browser или Internet browser) — софтверска програма за пребарување и прикажување на информации потхранети на интернет. До информациите се пристапува преку таканаречен Uniform Resource Locator (URL) и може да биде мрежно место, слика, видео снимка или некој друг вид на содржина.[1] Хиперврските содржани во страниците им овозможуваат на корисниците лесна навигација до други поврзани ресурси на мрежата.
Иаkо примарно прелистувачите се користат за пристап до содржини на интернет, тие исто така може да се користат и за пристап до информации кои ги нудат мрежните опслужувачи во приватните мрежи или податотеките на локалните податотечни системи. Некои прелистувачи исто така може да се користат за потхранување на информации во податотечните системи.
Има повеќе прелистувачи за личните сметачи: Microsoft Internet Explorer, Firefox, Apple Safari, Netscape, Opera, Google Chrome.
Прелистувачите се најчест тип на HTTP-кориснички агенти. Покрај тоа што се користат за пристап до WWW, тие исто така може да се користат за пристап до информациите на мрежните опслужувачи во приватната мрежа или пак на локалниот сметач.
Протоколи и стандарди
уредиПрелистувачите општат со опслужувачот во основа со помош на HTTP (хипертекст трансфер протоколот) за преземање на мрежните страници и испраќање на податоци до опслужувачот. Најчесто се користи HTTP/1.1 кој е дефиниран во RFC 2616. HTTP/1.1 не е во целост поддржан од страна на Microsoft Internet Explorer, но повеќето други прелистувачи го поддржуваат ова множество на протоколи.
Страниците се пронаоѓаат со помош на URL (униформен локатор на изворот), кој се третира како адреса, која започнува со http: за HTTP пристапот. Повеќето прелистувачи поддржуваат и други URL типови и соодветни на нив множества на протоколи, како што се: ftp: за FTP (протокол за пренос на податотеки), rtsp: за RTSP (протокол за семрежно емитување во живо), и https: за HTTPS (SSL енкриптирана верзија на HTTP).
Форматот на податотеката за мрежната страница најчесто е HTML кој се препознава од страна на HTTP протоколот со користење на MIME типот на содржина. Повеќето прелистувачи вообичаено поддржуваат и други формати на податотеките, како на пример JPEG, PNG и GIF за слики, а може да бидат проширени и за поддршка на други типови со помош на таканаречени plugin додатоци. Комбинацијата на HTTP типот на содржина и URL спецификацијата им овозможува на дизајнерите на мрежните страници да вгнездуваат слики, анимации, видео, музика и семрежно емитување во самата мрежна страница или пак да овозможат пристап до нив.
Постарите прелистувачи поддржуваа многу едноставни верзии на HTML. Брзиот развој на прелистувачите доведе од развој на нестандардни дијалекти на HTML, што доведе до проблеми во однос на мрежна соработливост помеѓу различни прелистувачи. Модерните прелистувачи имаат поддршка за HTML и XHTML стандардот, што значи дека има идентичен приказ на содржината на мрежната страница кај различни прелистувачи. Microsoft Internet Explorer нема целосна поддршка за HTML 4.01 како и за XHTML 1.x. Во денешно време повеќето мрежни места се изработени со помош на таканаречени WYSIWYG-програми како што се: Macromedia Dreamweaver или Microsoft Frontpage. Овие програми речиси по дефиниција создаваат нестандарден HTML код, занемарувајќи ги W3C препораките, посебно во делот на XHTML и CSS.
Некои од популарните прелистувачи овозможуваат и поддршка на новости од Usenet, IRC и е-пошта. Што значи поддршка на протоколите: NNTP, SMTP, IMAP и POP. Овие прелистувачи честопати се нарекуваат и семрежни пакети или програмски пакети за да се потенцира нивната комплексност.
Историја
уредиNeXTcube бил користен од страна на Тим Бернерс-Ли (пионер во користењето на хипертекст за размена на информации) како прв опслужувачот, како и за создавање на првиот прелистувач, WorldWideWeb уште 1990 година. Тим својата работа ја претставил на своите колеги од CERN во март 1991. Оттогаш прелистувачите претрпеле огромни измени како што се развивал и растел Internet.
Првиот прелистувач, Silversmith, бил создаден од страна на Џон Ботомс 1987 година.[2]. Прелистувачот бил заснован на SGML приврзоци. Во тоа време SGML се користел за форматирање на документи во подготовката за печатење. Користењето на SGML за електронско прикажување на документите значело поместување кон електронско издаваштво, а тоа наишло на голем отпор. Silversmith вклучил интегриран индексер, пребарување низ текстот, хипертест врски помеќу сликите и текстот, како и музика, користејќи се со SGML приврзоците. Тој во тоа време предвидел можности кои сѐ уште во денешните прелистувачи не се имплементирани. Пример можност за ограничување на пребарување во структурата на документот, пребарување на индексираните документи со помош на џокер знаци, како и можност за пребарување на вредноста и називите на приврзоците.
1992 година, Тони Џонсон (Tony Johnson) го демонстрирал MidasWWW прелистувачот. Заснован на Motif/X, MidasWWW овозможувал прегледување на PostScript податотеки на семрежјето (UNIX и VMS).
Во тоа време популарен прелистувач бил и ViolaWWW, моделиран врз основа на HyperCard. Меѓутоа, експлозијата на популарноста на семрежјето, започнала со NCSA Mosaic, кој претставувал графички прелистувач, кој во почетокот работел под Unix, но подоцна бил портиран на Apple Macintosh и Microsoft Windows платформите. Верзијата 1.0 била пуштена во употреба 1993 година. Марк Андерсен, водач во Mosaic тимот на NCSA, подоцна ја формира компанијата Netscape Communications Corporation.
Netscape го пушта во употреба Navigator во октомври 1994 година. Microsoft, кој до тогаш нема свој прелистувач, се вклучува во борбата со својот Internet Explorer претходно купен од Spyglass Inc. Ова значеше започнување на т.н. „војна на прелистувачите“, војна за пазарот на прелистувачи помеѓу Microsoft и Netscape.
Оваа војна овозможува милиони обични корисници на сметачи да ги користат овие производи. Оваа војна покажа колку комерцијализацијата на мрежниот простор може да ги уништи напорите за стандардизација. Microsoft и Netscape слободно имплементраа сопствени наставки кон HTML стандардот во своите производи. W3C ги прифати Cascading Style Sheets промовирани од страна на Microsoft наспроти JavaScript Style Sheets (JSSS) промовирани од страна на Netscape. Со ова Netscape прелистувачот станува инфериорен во однос на прелистувачот на Microsoft.
Војната заврши некаде 1998 година кога стана јасно дека Netscape не може да игра значајна улога на пазарот. Овој тренд делумно е последица и на интеграцијата на прелистувачот на Microsoft со оперативниот систем, како и договорот со OEM производителите. Како последица на што Microsoft се соочи со антитруст судски процеси.
Одговорот на Netscape беше Mozilla, open source проект. Но и понатаму се губеше улогата на пазарот. Во 1998 година компанијата е купена од страна на AOL. На почетокот Mozilla имаше проблеми да ги привлече развивачите на софтвер, но во 2002 година овој проект еволуира во релативно стабилен и моќен семрежен пакет. 2004 година Firefox 1.0 беше пуштен во употреба, а Firefox 1.5 во 2005 година, во 2006 година Firefox 2. Работата продолжува на Firefox 3 кој треба да излезе во 2007 година. Во 2006 година, Mozilla и неговите деривативи опфаќаат околу 12% од сообраќајот на семрежјето.
Opera прелистувачот е иновативен и брз прелистувач популарен кај рачните уреди, посебно мобилните телефони.
Lynx останува популарен за Unix шел корисниците и кај корисниците кои имаат проблеми со видот бидејќи овој прелистувач е текст ориентиран. Постојат и други текст прелистувачи со некои напредни техники, како што се w3m, Links (кој може да оперира и во текст и во графички мод).
За разлика од традиционалната доминација на Microsoft Internet Explorer и Netscape кај Macintosh платформата, најверојатно во иднина ќе доминира Safari прелистувачот на Apple, кој се заснова на WebKit layout engine од Apple, деривација на KHTML layout engine од Konqueror open source прелистувачот. Иначе Safari е основен прелистувач на Mac OS X.
Во 2003 година Microsoft објави дека Internet Explorer повеќе нема да биде достапен како одделен производ туку ќе биде дел од нивната Windows платформа, и дека нема да има нови верзии за Macintosh. Но, подоцна Microsoft ги смени своите планови и ја пушти во јавност верзијата 7 на Internet Explorer во октомври 2006 година.
Својства
уредиРазлични прелистувачи се разликуваат меѓу себе по својствата кои ги имаат. Еве некои поважни својства на прелистувачите:
Стандардна поддршка
уреди- HTTP и HTTPS
- HTML, XML и XHTML
- графички податотеки, како што се GIF, PNG, JPEG, и SVG
- каскадни стилски страници (CSS)
- JavaScript (Dynamic HTML) и XMLHttpRequest
- Колаче
- Дигитални уверенија
- Favicon
- RSS, Atom
Основни својства
уреди- Одбележувач (bookmark)
- Меѓусклад (cache) на мрежната содржина
- Поддршка на медумски типови преку plugin како на пример Macromedia Flash и QuickTime
Наменетост и пристапност
уреди- Автокомплетирање на URL и полиња од форма
- Прелистување со јазичиња
- Екрански читач или целосна говорна поддршка
Отстранувачи на вознемирувачи
уреди- Блокирач на скокачки реклами
- Филтрирање на огласи
- Одбрана од Phishing
Наводи
уреди- ↑ Jacobs, Ian; Walsh, Norman (15 December 2004). „URI/Resource Relationships“. Architecture of the World Wide Web, Volume One. World Wide Web Consortium. Посетено на 30 June 2009.
- ↑ „John Bottoms' кратка биографија“. Архивирано од изворникот на 2006-12-09. Посетено на 2006-12-01.