Отвори го главното мени

Темјанушки

семејство растенија
(Пренасочено од Violaceae)
Темјанушки
Viola hedercea01.jpg
Viola banksii
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Скриеносемени
Класа: Дикотиледони
Ред: Малпигиовидни
Семејство: Темјанушки
Batsch

Темјанушките или љубичици (науч. Violaceae) е фамилија на скриеносемени растенија која се состои од околу 800 вида распоредени во 21 род. Името доаѓа од родот темјанушка или љубичица (Viola).

Постарите системи, како Кронквистовиот, ја сместуваа оваа фамилија во ред кој бил именуван по неа - Violales. Но, поновите класификациски системи ја сместуваат во редот Malpighiales

ОписУреди

Темјанушките се повеќегодишни растенија, но мал дел се годишни, најчесто грмушки. Простите листови може да алтернираат или да се наспрамни, често со лиснати или поретко со редуцирани прилисници. Некои видови имаат палмовидни оформени листови или длабоко всечени листови. Многу видови се бесстеблени (акаулесцентни). Соцветијата се со единечни цветови. Тие се хермафродитни, обично зигоморфни или актиноморфни, со чашка од пет чашкини ливчиња кои остануваат и по цветањето. Венчето е со 5 најчесто нееднакви венечни ливчиња, при што најантериорното венечно ливче е поголемо. Андрецеумот е претставен со пет прашници, од кои абаксијалниот е често насечен во основата. Гинецеумот се состои од три споени плодни ливчиња со една локула. Столпчето е просто, плодникот натцветен, со многу семенови зачетоци. Плодовите се капсули.

СистематикаУреди

Потфамилија FusispermoideaeУреди

Потфамилија LeonioideaeУреди

Потфамилија VioloideaeУреди

Племе RinoreeaeУреди

Потплеме HymenantherinaeУреди
Потплеме IsodendriinaeУреди
Потплеме PaypayrolinaeУреди
Потплеме RinoreinaeУреди

Племе VioleaeУреди

Надворешни врскиУреди