Valve Corporation (порано позната како Valve Software а и често позната како Valve) — американска компанија, произведувач на видеоигри како и дигитална дистрибуција со седиште во Bellevue, Washington, United States. Основата во 1996 од поранешни вработени на Microsoft Gabe Newell и Mike Harrington, Valve стана позната по своите критички признати Half-Life and Portal серии (првата игра направена во 1998). Исто така е добро позната по својата социјално-дистрибутивна мрежа Steam како и за создавање на нивниот погон за видео игри, кој се користи во секоја нивна игра од самотo негово претставување во 2004 година.

Valve Корпорација
ВидPrivate
ДејностСофтвер
Интерактивна забава
ОснованоKirkland, Washington, САД (1996)
ОсновачGabe Newell
Mike Harrington
Седиште,
Клучни личности
Gabe Newell
(Директор)
ПроизводиHalf-Life series
Counter-Strike series
Day of Defeat series
Team Fortress series
Left 4 Dead series
Portal series
Source
Steam
Valve Anti-Cheat
УслугиValve Cyber Café Program
Вк. капиталUS$2,5 billion (2012, estimated)[1]
Вработени
~400 (2012)
ПодружнициValve S.a.r.l.
Мреж. местоvalvesoftware.com

Историја

уреди

Valve е основана од страна на вработените во Microsoft - Gabe Newell и Mike Harrington на 24 август 1996 со седиште во Kirkland, Washington. Во април 2003, седиштето на компанија се префрла во Bellevue, Washington, истиот град во кој нивниот оригинален издавач, корпорацијата Sierra On-Line беше сместена.

По обезбедување на лиценцата за Quake погонот преку помош од пријател Michael Abrash од id Software во доцна 1996, Newell и Harrington започнаа со работа на Half-Life. Првично планираната дата за пуштање на играта беше кон крајот на 1997 но сепак Half-Life излезе на 19 ноември 1998. Valve ги придоби TF Software PTY Ltd, творците на Team Fortress mod за Quake, во мај 1998 со намера да се создава самостојна Team Fortress игра. Team Fortress Classic mod, покрај тоа, дел од оригиналниот Team Fortress мод за Quake беше направен и за Half-Life во 1999. Gearbox придонесе многу по објавувањето на Half-Life. Gearbox Software е одговорен за експанзиите на Half-Life, Half-Life: Opposing Force и Half-Life: Blue Shift, како и верзијата за конзола за Sega Dreamcast и Sony PlayStation 2 во која беше вклучена и третата експанзија Half-Life: Decay, што овозможи кооперативна игра таканаречен co-op.

По успехот на Half-Life,тимот работел на модови и продолженија,вклучувајќи ја и Half-Life 2.Сите актуелни игри на Valve се засновани на својот погон, поради кој бројните модови и експанзии успеаа. Компанијата има развиено шест серии на игри: Half-Life, Team Fortress, Portal, Counter-Strike, Left 4 Dead и Day of Defeat. Valve е позната по својата поддршка кон социјалната заедница на своите игри и тоа главно во Counter-Strike, Team Fortress, and Day of Defeat. Valve ја прекина оваа традиција за да продолжи со создавањето на Dota 2 како самостојно продолжение на Warcraft III. Секоја од овие игри произлегла од некој мод кој Valve го купил и го претворил во целосна игра. Тие, исто така, дистрибутираат модови за заедницата Steam.

Откако Valve премина во корпорација, таа се прошири во обем како и во комерцијална вредност. На 10 јануари 2008, Valve корпорацијата најавија купување на Turtle Rock Studios. На 8 април 2010, Valve победи на турнирот на The Escapist Magazine' за најдобар произведувач на игри за 2010 победувајќи ги Zynga во полуфиналето и BioWare во финалето.

Внатрешната мрежа на Valve беше двапати инфилтрирана од страна на хакери, еднаш во 2003 година каде што содржината која уште не беше излезена, односно Half-Life 2 се појави на интернет, и повторно во 2011 каде што мета беше клиентската база на Steam.

Игри

уреди
Име Година Жанр Платформа
Half-Life 1998 First-person shooter (FPS) Windows, PlayStation 2, OS X, Linux
Team Fortress Classic 1999 First-person shooter Windows
Half-Life: Opposing Force 1999 FPS Експанзија Windows
Deathmatch Classic 2000 First-person shooter Windows
Ricochet 2000 Акција (игри) Windows
Counter-Strike 2000 First-person shooter Windows, Xbox, OS X, Linux
Half-Life: Blue Shift 2001 FPS експанзија Windows
Half-Life: Decay 2001 FPS експанзија PlayStation 2
Day of Defeat 2003 First-person shooter Windows
Counter-Strike: Condition Zero 2004 First-person shooter Windows, Xbox, OS X, Linux
Half-Life: Source 2004 First-person shooter Windows
Counter-Strike: Source 2004 First-person shooter Windows, OS X, Linux
Half-Life 2 2004 First-person shooter Windows, Xbox, Xbox 360, PlayStation 3, OS X
Half-Life 2: Deathmatch 2004 First-person shooter Windows, OS X
Half-Life Deathmatch: Source 2005 First-person shooter Windows
Day of Defeat: Source 2005 First-person shooter Windows, OS X
Half-Life 2: Lost Coast 2005 First-person shooter Windows
Half-Life 2: Episode One 2006 First-person shooter Windows, Xbox 360, PlayStation 3, OS X
Half-Life 2: Episode Two 2007 First-person shooter Windows, Xbox 360, PlayStation 3, OS X
Portal 2007 FPS загатки Windows, Xbox 360, PlayStation 3, OS X
Team Fortress 2 2007 First-person shooter Windows, Xbox 360, PlayStation 3, OS X, Linux
Left 4 Dead 2008 First-person shooter Windows, Xbox 360, OS X
Left 4 Dead 2 2009 First-person shooter Windows, Xbox 360, OS X
Alien Swarm 2010 Птичја преспектива акција Windows
Portal 2 2011 FPS загатка Windows, Xbox 360, PlayStation 3, OS X
Counter-Strike: Global Offensive 2012 First-person shooter Windows, Xbox 360, PlayStation 3, OS X
Dota 2 2013 Кооперативна игра Windows, OS X

Прекинати игри

уреди
  • The Crossing (преземена од страна на Arkane Studios)
  • Prospero
  • Return to Ravenholm (a.k.a. Half-Life 2: Episode Four)" (преземена од страна на Arkane Studios)
  • Stars of Blood
  • Fairy

Стим (Steam)

уреди
 
Gabe Newell (напред) and Doug Lombardi (позадина), 2007

Valve ја објави својата платформа за игри позната како Steam во 2002. Во тоа време платформата не се сметаше за голема конкуренција во семрежните игри, но подоцна се покажа како голема замена за тогаш големата платформа за игри World Opponent Network.

Valve покажа поддршка за некои од своите игри. На пример,Valve понуди значителни надградби за Team Fortress 2 вклучувајќи нови мапи, модови, дополнителни оружја, нови достигнувања, нова механика во играта но додавајќи и продавница во која се продаваат предмети во играта. Сите овие надградби, со исклучок на претходно споменатите предмети за во играта, се задолжителни и бесплатни.

Постојат повеќе од 1400 игри достапни на Steam, а во октомври Valve објави дека ја надминале бројката од 30 милиони активни кориснички сметки.

Steam конзола

уреди

Valve работи со компјутерска компанија Xi3 со цел создавање на хардверски уред посветен на видео игрите наречен Piston, кој ќе биде во можност да се поврзе директно на телевизорите..

Надворешни врски

уреди
  1. Nick, Wingfield (September 8, 2012). „Game Maker Without a Rule Book“. The New York Times. Посетено на September 9, 2012.