Counter-Strike
Counter-Strike (исто така позната како Half-Life: Counter-Strike, Counter-Strike 1.6, или едноставно CS) е тактичко пукачка видеоигра од прво лице изработена од Valve Corporation која потекнува од Half-Life модификацијата од Мин "Гусмен" Ле и Џес "Клиф" Клиф.
Counter-Strike |
---|
Гејмплеј
уредиИграта е проширена во серија од нејзината оригинална верзија, што во моментов ги вклучува Counter-strike: Condition Zero, Counter-Strike: Source, Counter-strike: Anthology и Counter-Strike за Xbox. Во играта избирате тим во кој сакате да учествувате. Изборот е помеѓу терористи (Terrorists) или специјалци (Counter Terrorists).
Играчот може да бира еден од осум различни карактери на двете страни , т.е по четири во специјалци и по четири во терористите. Пред почетокот на рундата на играчите им се дава неколку секунди во зоната за купување познато помеѓу кантеристите како (freeze time), и за време на тоа нема активно движење ниту пак пукање од страна на играчите. На некои мапи е дозволено играчот повторно да се врати во зоната за купување или позната како (spawn) и одново да купи опрема или оружје.Откако завршува рундата играчите кој преживеале можат повторно да го користат оружјето кое не го изгубиле во рундатаа , додека пак оние играчи кој загинале почнуваат со стандардното оружје односно пиштол.
На таблата за резултати се покажани бодовите за секој играч посебно и тоа неговото име , убиства , убиен и неговиот пинг. Исто така на истата е покажано дали играчот е жив или мртов , дали ја носи бомбата (на мапите на кој има бомба) или пак дали е ВИП (на мапите за атентат).
Убиените играчи преминуваат како набљудувачи (spectator) до крајот на рундата , тие не можат да им пишуваат ниту пак да зборуваат со живите играчи , не можат да го променат своето име до почетокот на наредната рунда.Набљудувачите во главно можат да го набљудуваат остатокот од рундата.
Развој
уредиСамата игра Counter-Strike по себе е еден вид на мод бидејќи има свои развивачи и пишувачи на скрипти и модови. Некои модови дозволуваат игра со ботови т.е (играчи од самата игра со вештачка интелегенција).Исто така постојат и други модови за играта како што се на пример GunGame , Surf , Deathmatch , Deathrun , Public ,Zombie како и најпопуларното Clan Wars , секој од овие модови си има соодветни "плугинзи".Исто така може да се менува и интерфејсот на играта со тоа што на играчите им е дозволено по нивни вкус да си ги менуваат моделите , текстурата , звучните ефекти , позадината на играта .
Мамење
уредиУште од самото излегување Counter Strike стана жртва на така-наречени измамници или уште познати како читери кој користат хакови со цел да постигнат подобар скор во играта на рангираните опслужувачи.
- Wallhacks му дозволува на измамникот да гледа преку ѕидови. Функционира на тој начин што се гледаат играчите кои во нормални услови не би се гледале зад текстурите на ѕидовите.
- Speedhacks, со нивна помош измамникот може да се движи многу побрзо од обичен фер играч.
- Aimbots му помага на измамникот директно да го намери играчот без тој да управува со неговиот глушец.
- Extrasensory perception ESP му дава информации на измамникот за енергијата и оружјето на играчот , како и други корисни информации кој измамникот не би ги знаел без употреба на ESP.
- Anti-flash and anti-smoke го отстрануваат ефектот на бомба-блиц и бомба-чад.
Valve разви систем за анти-чит кој е познат како (VAC) Valve Anti-Cheat.Доколку играчот игра со чит на таков опслужувач , ризикува со негово перманентно отстранување од истите опслужувачи.
Издавање
уредиКога излезе Counter-Strike публикувана од Sierra Entertainment/Vivendi Universal Games, таа доаѓаше во комплет со Team Fortress Classic, Opposing Force онлајн, и Wanted, Half-Life: Absolute Redemption и Firearms mods."
На 19 јуни 1999 г. изглегла првата бета-верзија од Counter-Strike. Верзиите кои не се бета се следниве:[1]
- Version 1.0: November 1, 2000
- Version 1.1: March 13, 2001
- Version 1.3: September 12, 2001
- Version 1.4: April 24, 2002
- Version 1.5: June 12, 2002
- Version 1.6: September 9, 2003
Забелешка: Верзијата 1.6 на играта се совпадна со излегувањето на Valve Software's Steam content delivery system на 12 септември 2003. Сите понатамошни надградби и фиксови на играта играчите ги добиваа автоматски преку Steam. Кратенката 1.6 се користи најчесто за играта да се разликува од нејзините следбеници како што се Condition Zero, Source, Global Offensive, Counter-Strike 2.
Counter-Strike: Source
уредиCounter-Strike има огромна промена во нејзината технологија на први Ноември 2004 кога излезе верзијата Counter-Strike: Source, која беше целосно обновена со нов Valve's Source game engine за подобар графички приказ како и подобрен звучен ефект на играта. Како и да е овој нов дел од играта никогаш не го надмина успехот на првата и легендарна верзија иако во тој период сите сакаа да пробаат нешто ново .
Counter-Strike Online
уредиCounter-Strike Online е достапна во Јужна Кореја, Таjван, Јапонија, Сингапур и Индонезија и е целосно онлајн верзија. Развиена е од страна на Nexon Corporation со соодветна лиценца од Valve Corporation, направена е со цел да се прошири и во Азија .
Counter-Strike: Global Offensive
уредиНа 12 август 2011 година беше потврдено дека на повидок е нова Counter Strike која е развивана од страна на Valve Software и Hidden Path Entertainment, и нејзиниот наслов е Global Offensive. Откако излезе играта беше достапна за различни платформи како Xbox 360, PS3 и секако компјутер. Играта беше развиена со цел достојно да биде во конкуренција со големите наслови на познатите Call of Duty како и Battlefield. Првата бета верзија излезе на 30 Ноември 2011 само за оние кој имаа соодветни кодови од "Penny Arcade Expo" и Eurogamer. Бета кодови достапни беа за сите околу Јули 2012 година , а играта излезе во оригинална верзија на 21 Август 2012 .