Dota 2
Dota 2 (македонски: Дота 2) — групна онлајн стратешка видео игра создадена од Valve Corporation. Dota 2 претставува директно продолжение на мапата Defense of the Ancients за Warcraft III: Reign of Chaos и нејзината експанзија The Frozen Throne. За првпат била најавена на 13 октомври 2010, преку Game Informer[1], и официјално издадена во јули 2013 после скоро две-годишен период на бета тестирање започнат во септември 2011. Моментално е достапна бесплатно преку платформата за видео игри Steam.
Dota 2 | |
---|---|
Лого | |
Изработувач(и) | Valve Corporation |
Дистрибутер | Steam (онлајн) |
Дизајнер(и) | IceFrog |
Погон | Source engine |
Подлоги | Линукс, Microsoft Windows, Mac OS X |
Режим(и) | Самостоен, здружен и групен |
Начин на контролирање |
Тастатура, глувче |
Dota 2 се игра во партии кои обично траат од 20 до 60 минути. Во една партија учествуваат 10 играчи распределени во 2 тимови кои имаат своја база на спротивните краеви на мапата. Во секоја од базите се наоѓа градба наречена „Ancient“, и целта на играта е да се уништи противничкиот Ancient и да се заштити својот Ancient од противниците. Секој играч контролира лик наречен херој со кој може да учествува во тимски битки преку кои треба да стигне до непријателскиот Ancient и да го уништи.
Dota 2 е една од најиграните онлајн игри во светот со 800.000 играчи во било кое време. Голем дел од популарноста на Dota 2 се должи и до нејзината компетитивност, одржувајќи повеќе турнири месечно со големи парични награди и голем број публика. Професионалните играчи на Dota 2 се едни од најплатените играчи од сите видео игри.[2]
Наводи
уреди- ↑ Biessener, Adam (October 13, 2010). „Valve's New Game Announced, Detailed: Dota 2“. Game Informer. Архивирано од изворникот 2012-08-19. Посетено на 2013-04-09.
- ↑ Список на заработки на професионални играчи на видео игри. esportsearnings.com