The Sun е дневен национален весник кој се објавува во Обединетото Кралство од страна на Њус Корпорејшн. Исти изданија се издаваат и во Глазгов (The Scottish Sun) и во Даблин (The Irish Sun). Според тиражот, се наоѓа на десеттото место во светот и има најголема распространетост од кој било весник во Обединетото Кралство. Во јануари 2012 г., Сан имаше дневен тираж од 2.751.219 копии. Помеѓу јули и декември 2010 г., дневно имаше распродадено околу 7.6 милиони копии, од кои 2.6 милиони ги купиле луѓе од повисоките класи, а 4.9 милиони од пониските класи. Во неговата историја, Сан бил тема на многу контроверзии, како што се пишувањето за Катастрофата на фудбалскиот стадион во Хилсборо, лажното обвинување на Елтон Џон дека имал сексуални односи со мажи за пари, темите за менталното здравје и хомосексуалноста. Сан го објавува Групацијата на весници, која е дел од Меѓународни вести, чиј сопственик е Руперт Мурдок. На 17 февруари 2012 г., Руперт Мурдок преку меил објави дека Сан во сабота ќе почне ,,наскоро” да се објавува.

Историја

уреди

Сан пред Руперт

уреди

На 15 септември 1964 г., Сан првпат беше објавен како весник со голем формат, со лого на кое има светлечки портокалов диск. Сопствениците на Меѓународната издавачка корпорација го објавија за првпат овој весник, со цел да го заменат Дејли Харолд. Новиот весник имаше во план да ја доближи читателската публика од ,,социјалните радикали” до ,,политичките радикали” на Хералд. Според весникот Тајмс, новиот дрски весник ,,се распрска со огромна енергија”. Започнувајќи со читателска публика од 3.5 милиони, големите првенствени копии се приковуваа со љубопитност и предностите на новостите. Сепак, весникот не ги задоволи очекувањата на Меѓународната издавачка корпорација и неговиот тираж продолжи да се намалува. До 1969 г., Сан изгуби многу повеќе пари отколку што Дејли Хералд имал на почетокот, па затоа корпорацијата реши да го продаде. Богаташот Роберт Максвел, копнееше да го купи британскиот весник, им понуди на сопствениците да ги кренат рацете и да ја задржат нивната оданост кон Лабуристичката партија, но искрено кажа дека ќе има некои отпуштања, посебно од местото на печатарите. Претходната година, Руперт Мурдок го купи сензационалистичкиот неделен весник Вести од светот, но печатот во подрумот од зградата каде што беше редакцијата на ул. Бувери во Лондон, седеа бескорисно шест дена во неделата. Со цел да ја зграпчи можноста, Максвел почна почесто да се појавува на ул. Флит, каде што подоцна се договори со унијата на печатари, при што им вети неколку вработувања доколку тој го добие весникот. Тој ја убеди корпорацијата дека ќе објавува ,,отворен и чесен весник” кој ќе продолжи да ја поддржува Лабуристичката партија. Корпорацијата под притисок од унијата, ја одби понудата на Максвел, па така Мурдок го купи весникот за 800.000 фунти, на рати. Подоцна тој кажа: Јас сум постојано изненаден од леснотијата со која влегов во светот на британските весници. Од 1930 г., Дејли Хералд се отпечатуваше во Манчестер, каде што од 1964 г., се отпечатуваше и Сан. Но Мурдок го запре принтањето во Манчестер во 1969 г., и како што се зголемуваше тиражот, така тој ги стави под голем притисок печатачите на ул. Бувери.

Рана возраст на Руперт

уреди

Мурдок го назначи Лари Ламб за негов прв уредник. Ламб го понижи весникот Мирор, каде што подоцна тој стана помошник-уредник. Тој го поддржува мислењето на Мардок дека мерката на квалитетот на весникот најдобро се оценува според продажбата. Исто така мислеше дека Мирор има многу вработени и првенствено пишуваа за постарата публика. Ламб набрзо придоби нов кадар од 125 репортери, кои најчесто беа избрани според нивната достапност а не според нивната способност. Оваа бројка е само четвртина од вработените на Мирор, па затоа Мурдок требаше да подготви заем за персоналот од неговите австралиски весници. Веднаш потоа, Мурдок повторно го промовираше Сан, но овој пат како таблоид и го стави на исто рамниште со Вести од светот. Сан ги користеше истите машини за печатење па така двата весника во исто време постигнуваа големи успеси. Сан за првпат беше издаден на 17 ноември 1969 г., со насловна страна ,,ДРОГИРАН КОЊ ВИСТИНСКА СЕНЗАЦИЈА” – ексклузивна вест во која тренерот на тркачки коњи призна дека ги дрогирал своите коњи. Весникот го копираше неговиот соперник Дејли Мирор со некои работи. Го имаше истиот број и името на весникот беше со бели букви на црвен правоаголник во иста боја како кај Дејли Мирор. Подоцнежните стрипчиња вклучуваа ,,Напаѓачот”, за светот на фудбалот; ,,Акса”, жена варварин во пост-апокалиптичен свет; ,,Агара на ужасот”, комични авантури на еден воин; Џорџ и Лин, шеговит стрип за секојдневието на една двојка и нивните пријатели и соседи. Џорџ и Лин беа насликани голи, но дискретно покриени. На почетокот, сексот беше употребен како важен елемент во рекламирањето на весникот. Додека Дејли Мирор често додаваа пинап фотографии со девојки во бикини или во долна облека, наводно како моден додаток, Сан промовираше гламурозни фотографии на жени, кои носеа многу помалку облека од девојките на Дејли Мирор. На 17 ноември 1970 г., беше објавена првата ,,Трета страна” на која беше топлес девојка, германката Стефани Ран, предизвина бура реакции бидејќи таа беше претставена како уникатна гола девојка која ја обележува првата годишнина на Сан. Предизвиканите контроверзии траеја само во наредните четири години кога ,,Трета страна” со топлес девојка стана редовна вметната страна, со поексплицитни позирања. Феминистите и многу културни конзервативци во овие слики гледаа само порнографија и женомрзие. Јавна библиотека во Совери Бриџ, Вест Јоркшир, го забрани весникот поради претераната сексуална содржина. Пратеникот, претставник од Лабуристичката партија, Алекс Лион, донесе копија од весникот Сан во Долниот Дом и предложи весникот да биде прогласен за непристоен. Почнаа да се пишуваат статии со сексуални теми како што се ,,Дали мажите сèуште сакаат да се оженат со девици?” и ,,Како да се однесувате во женски кревет”. Се почести беа објавувањата во продолженија на еротски книги. Објавувањето на делови од ,,Сензационална жена”, во време кога примероците од книгата беа запленети на царина, предизвика скандал и задоволство помеѓу послободната публика. Од политичка гледна точна, во младоста на Мурдок, Сан остана лојален на Лабуристичката партија. Сан ја поддржуваа Лабуристичката партија предводена од Херолд Вилсон на изборите во 1970 г. со статија ,,Зошто да гласате за Лабуристите”, но во февруари 1974 г., тие повикуваа за глас на конзервативците, додека предлагаа дека може да се гласа и за лабуристите предводени од Џејмс Калаган и Рој Џенкис. Изборите во октомври имаа свое место: СИТЕ наши инстинкти се предводени кон лево отколку десно и ние ќе гласам за кој бил политичар кој е способен да се докаже самиот дека е социјалдемократ. Уредникот, Лери Ламб, имаше лабуристичка позадина, со социјалистичко воспитување, додека неговата привремена замена Бернард Шримсли (1972-74 г.) среднокласичен конзервативец. Во овој период, проширена политичка рекламација на ITV мрежата, подигната од глумецот Кристофер Тимоти, помогна Санда ја надмине продажбата на Дејли Мирор во 1978 г. И покрај односите во 70-тите години, т.н. ,,Шпанска пракса” од страна на унијата на печатарските работници, Сан стана профитабилен, со што му дозволи на Мардок да ја зголеми неговата работа сè до Соединетите Држави од 1973 г. Во 1979 г., весникот ја поддржуваше Маргарет Тачер за време на изборите, но сепак не беше во тек сè до крајот на процесот, па така весникот не беше ентузијаст за М. Тачер. На 3 мај 1979 г., се појави недвосмислен наслов на насловната страна, ГЛАСАЈ ЗА ТОРИ ОВОЈ ПАТ.

1980-ти години

уреди

Продажбата на Сан растеше сè повеќе во 1980-тите, а весникот беше ,,екстравагантен, вообразен и непристоен како ниеден друг весник кој беше објавуван во Британија” под уредништво на Кевин Мекелзин. Бингото, воведено во 1981 г., беше клучен двигател кој ја зголеми продажбата. Сан стана лојален поддржувач на Маргарет Тачер и политиките и делувањата на Конзервативната партија, вклучувајќи ја и Фолкландска војна. Според Рој Гринслејд, заменик-уредник во тоа време, насловната ,,го зграпчи духот на времето”, но тој сепак беше против војната и ксенофобичен, намќорест, безмилосен, често дрзок, расположен за црн хумор и ултимативен триумфалист. Најдобрата насловна страна со натписот УЛОВЕН, беше објавена на 4 мај 1982 г., со која се празнуваа вестите за торпедирањето на аргентискиот брод ,,Генерал Белграно” за време на Фолкландската војна. Со подоцнежните изданија, како што сè повеќе се дознаваше за аргентинските жртви, така насловот се менуваше. Репортерот на Сандеј Тајмс, Џон Ширли, видел копии од тоа издание на Сан фрлени во море од морепловците на бродот на Кралицата ,,Фирлес”. Овие години беа обележани со неверојатните злонамерни насловни против Лабуристичката партија, од страна на Сан и другите весници. За време на изборите во 1983 г., еден непријатен фотограф кој тогаш имал 70 г., тврдел дека со своите години, изглед и политики би бил неприкладен за Премиер, се најде на насловната страна на Сан под наслов ,,Дали навистина сакате овој стар будала да ја води Британија?“ смислена од Мајкл Фут. Една година подоцна, во 1984 г., весникот Сан ја искажа својата ентузијастичка поддршка за преизборот на Роналд Реган за претседател на САД. Реган беше на две недели одмор на неговиот 74-ти роденден кога започна со вториот мандат, во јануари 1985 г. На 1 март 1984 г., весникот опширно објави дека Британскиот левичарски политичар Тони Бен бил ,,луд”, според психијатриски аспекти на еден почитуван Американски психијатар за наводната патологија на Бен. Весникот објави зачестени понижувачки напади кон оние кои весникот ги нарекуваше ,,нетокму левичари”, односно припадниците на Лабуристичката партија и кон институциите кои тие ги контролираа. Кен Ливингстоун, водачот на Советот на Големиот Лондон, беше опишан како најодвратен човек во Британија, во октомври 1981 г. Сан, за време на штрајкот на рударите во 1984-85 г., ја поддржуваше полицијата и владата на Тачер против Националната Унија на Рударите и особено унијата на претседателот, Артур Скаргил. На 23 мај 1984 г., Сан подготви насловна со наслов ,,Фирер на рударите” заедно со фотографија од Скаргил со дигната рака во воздух, поза која го правеше како да поздравува со нацистички поздрав. Печатарските работници во Сан, кога го видоа безначајното оцрнување, одбија да го испечатат весникот. Сан цврсто го поддржуваше бомбандирањето врз Либија од страна на САД, отпочнато од бази во Британија, во април 1986 г. Неколку граѓани беа убиени за време на бомбандирањето. Нивен предводник беше ,,Браво Рон, Браво Меги”. Во јануари 1986 г., Мурдок ги затвори работните простории на Сан и Вести од светот на ул.Бувери, и ги пресели во новиот Вејпинг комплекс во источен Лондон, при што ги замени унијата на електричарите со унијата на печатарските работници за персонал во продукцијата со што го намали бројот на вработени. Поради ова, се одржуваа едногодишни протести од страна на отпуштените работници. Истата година, Клер Шорт залудно се обидуваше да го натера Парламентот да ја прогласи вон закон сликата од Страна Три и се стекна со скандал во весникот за нејзиното излагање. За време на изборите во 1987 г., Сан започна да публикува лажен едиторијал под наслов ,,Зошто да се обложувам на Кинок, од Сталин”.

Други приказни од 1980-тите години

уреди

Во овој период, Сан со своите приказна засновани на неколку факти се здоби со добра репутација. Најбезобѕирен примерок на веснико кој долго се памтеше беше на 13 март 1986 г.: ,,ФРЕДИ СТАР МИ ГО ИЗЕДЕ ХРЧАКОТ”. Приказната тврди дека Британскиот комичар Фреди Стар престојувал во домот на Винс Меккафри и неговата 23-годишна девојка Леа Ла Сел во Бирчвуд, Чешајр, кога во раните утрински часови, по враќањето од неговата изведба во ноќен клуб, побарал од Ла Сел да му направи сендвич. Таа одбила, па тој заминал во кујната, го ставил нејзиниот хрчак Суперсоник помеѓу две парчиња леб и почнал да го јаде. Стар, во неговата автобиографија Одвиткан од 2001 г., напиша дека тој само еднаш престојувал во куќата на Меккафри, во 1979 г., и дека случката била целосна измислица. Тој напиша: ,,Никогаш не сум јадел ниту пак сум загризал хрчак, ноќен глодач, заморче, глувче, караконџола, стаорец или каков бил цицач. По неколку години, кога Британскиот публицист Макс Клифорд, кој стоел зад оваа приказна, го прашаа во живо на телевизија, тој призна дека сето тоа било измислица само за да ја зголемат популарноста на Стар. Во 1987 г., Сан погрешно го обвини хомосексуалниот поп-музичар Елтон Џон дека имал сексуални односи со жигало. Во друга приказна тие наведија дека тој ги девокализирал неговите кучиња-чувари, бидејќи нивните лаења не го оставале да заспие. Елтон тужеше за двете приказни и доби 1 милион за клевета, најголемата добивка во тоа време. На 12 декември 1988 г., Сан испечати насловна страна ,,ИЗВИНИ, ЕЛТОН”, со цел да му се извинат. Свештениците од геј црквата во Англија во еден наслов во ноември 1987 г., биле опишани како ,,проповеднички педерчиња“. Приказните почесто шпекулираа за сексуалната ориентација на познати луѓе, а посебно на поп пејачите. Телевизиската личност Пирс Морган, поранешен уредник на бизарните колумни во Дејли Мирор и во Сан, кажа дека за време на касните 80-ти години, по наредба на Келвин Меккензи, тој морал да ја шпекулира сексуалноста на машките поп ѕвезди со одреден наслов ,,Педери на поп-от”. Тој исто така се потсети и на насловната приказна од јануари 1989 г., за првиот хомосексуален бакнеж во телевизиската сапуница на БиБиСи, опишувајќи го бакнежот помеѓу Колин Русел и Гвидо Смит како ,,хомосексуална љубовна сцена помеѓу јапи педери...” кога безброј деца ја гледале. На 17 ноември 1989, Сан на страна 2, наменета за вести, напиша ,,ПРАВИОТ СЕКС НЕ МОЖЕ ДА ПРЕНЕСЕ СИДА - ОФИЦИЈАЛНО”. Сан го наведе мислењето на Лорд Килбракен, член на Сите парламентарни групи на СИДА. Лорд Килбракен кажа дека само една личност од 2.372 заразени, наведени во специјален извештај во Оделот за здравство, член на ,,високо ризична група”, како што се хомосексуалците и наркоманите. Сан исто така имаше едиторијал во кој имаше расправии... ,,Најпосле вистината може да излезе на виделина, ризикот да пренесиш сида, а си хомосексуалец е ,,речиси невидлив”. Со други зборови, тоа е невозможно. Па, сега знаеме – сето друго е хомосексуална пропаганда.” Иако многу други Британски прес-служби ги опфатија јавните коментари на Лорд Килбракен, ниедена од нив не ги аргументираше како Сан и ниедна од нив не ги прикажа идеите неговите идеи без контекст или критика. Критичарите изјавија дека и Сан и Лорд Килбракен имале лажна претстава за резултатите од едно специфично истражување, бидејќи ги игнорирале другите податоци за ХИВ-заразени и тоа не само за СИДА, на која критичарите гледаа како неетничка политикализација на медицински проблеми. Лорд Килбракен самиот го критизираше изданието на Сан и насловот на приказната. Тој кажа дека тој мислел дека геј популацијата била изложена на повеќе ризик за СИДА, сè уште било погрешно да се наведе дека никој друг не би можел да се зарази. Советот на новинари го осуди Сан за извршување на ,,брито дисторзија”. Подоцна Сан на 28 страна се извини. Новинарот Дејвид Рендал, во прирачникот Универзален новинар, дискутираше дека приказната на Сан била една од најлошите случаи за злоупотреба на новинарството, при што ги ставил своите читатли во опасност.

Катастрофата во Хилсборо и последиците од неа

уреди

На крајот од деценијата, насловната на Сан за катастрофата на фудбалскиот стадион Хилсборо во Шефилд на 15 април 1989 г., во која 96 луѓе починаа поради повредите, се докажа како најлоша грешка во неговата историја. Со наслов ,,Вистината”, весникот тврдеше дека некои обожаватели им ги испразниле џебовите на жртвите, други уринирале врз членовите на итните служби додека тие им помагале и дури некои и нападнале еден полицаец кој ,,се обидувал да го изведе бакнежот на животот на еден пациент”. Покрај насловот, напишан од Кевин Мекензи, приказната била заснована на изјавите од неименувани извори или докази слушнати од друго лице кои кажале. Иако катастрофата се случила пред ТВ камери и илјадници спортски репортери, не произлезе ниеден доказ кој ги потврдува тврдењата на Сан. Насловната страна предизвика дивјаштво во Ливерпул, каде што весникот изгуби повеќе од три четвртини од вкупно 55.000 дневни распродажби и 20 години подоцна сè уште има слаба распродажба (околу 12.000). Весникот е недостапен во многу дела од градот, бидејќи агентите одбиваат да го земаат. Во септември 2008 г., во документ наречен Ливерпул на Алексис Сеил, беше откриено дека многу жители на Ливерпул нема да го земат весникот ни ако е бесплатен, а оние кои ќе го земат ќе го искористат само за да го запалат или искинат, иако ова се случи 20 години по инцидентот. На 7 јули 2004 г., како одговор на вербалните напади кон Вејн Руни во Ливерпул, пред неговиот трансфер од Евертон во Манчестер Јунајтед, кој ја раскажа неговата животна приказна во Сан, весникот му посвети едиторијал од цела страна за да се извини за страшната грешка поради насловната за Хилсборо и објасни дека Руни (кој имаше само три години за време на катастрофата) не треба да се казни за неговите ,,минати гревови”. Во јануари 2005 г., уредникот на Сан, Грахам Дадмен, призна дека насловната за Хилсборо беше ,,најголемата грешка во нашата историја”, и додаде: ,,Она што го направивме беше ужасна грешка. Беше ужасна, бесчувствителна, лоша статија со грозен наслов. Но ние ќе кажеме и дека се извинивме за тоа, а и целиот тим е сменет од тој тим што во 1989 г. го испечати весникот”. Во мај 2006 г., Келвин Мекензи, уредник на Сан во време на катастрофата, се врати во весникот како колумнист. Уште повеќе, на 11 јануари 2007 г., Мекензи изјави дека извинувањето кое тој го напиша на насловната беше неискрено и дека на сила го натерал Раперд Мурдок. Меккензи исто така кажа дека не му е жал ,,што ја кажал вистината”, но призна и дека не знаел дали некој уринирал врз полицијата или крадел од жртвите.

1990-тите

уреди

Сан и остана лојален на Тачер сè до нејзиното повлекување во ноември 1990 г., и покрај падот на популарноста во партијата во следните години при што следуваше воведување на Данок по глава на жител. Данокот брзо беше укинат од страна на нејзиниот наследник Џон Мајер, којшто Сан ентузијастички го поддржуваше, затоа што веруваше дека тој припаѓаше на Тачеристите – и покрај фактот дека во тоа време економијата доживеа рецесија. Луѓето кои присуствуваа на ротестите организирани за данокот, Сан ги нарече ,,разбојници”. На денот на изборите на 9 април 1992 г., насловот на насловната страна, содржеше ентипатија кон Лабуристичкиот водач Нил Кинок, кој гласеше ,,Ако Кинок победи денеска, последната личност во Британија нека го изгаси светлото”. По два дена, Сан беше толку убеден дека неговата насловна го разнишал изборот на Конзевативците и напиша ,,Сан е оној кој победи” На 17 септември 1992 г., Сан напиша ,,Сега сите сме зафркнати од кабинетот” и мислеше на Црната Среда и на неодманешните откритија дека пратеникот Дејвид Мелор бил вмешан во секс скандал. Еден месец подоцна, на 14 октомври, го нападна Мајкл Хестлајн за масовното затворање на рудникот за јаглен. И покрај спротивставувањата за затворањето, сè до 1997 г., весникот повика на имплементација на политиката на Тачер, како што е приватизација на Поштата на Кралицата и смалување на социјалната безбедност, предводено од ,,Питер Лајли е во право, не можеме да продолжиме вака”. Нивните судири, нивните одобрувања за укинување на данокот и министрите од десницата ги запозна и ЕУ. Сан го нападна лабуристичкиот водач Џон Смит во февруари 1994 г., со што му кажа дека повеќе Британски војници треба да бидат пренесени во Босна. Сан коментираше дека ,,Единствените сериозни радикални политичари во овие денови се Редвуд, Лајли и Портило”. Исто така искажа луто разочараност бидејќи Џон Мајер стана Премие, ,,Кои будали сме што го вративме Џон Мајер”. Помеѓу 1994 и 1996 г., продажбата на Сан го достигна својот максимум. Најголемата просечна распродажба беше на 16 јули 1994 г., кога дневната бројка достигна 4.305.957 примероци. Најголемата бројка на продажба за еден ден се случи на 18 ноември 1995 г. (4.889.118) но тогаш цената беше намали на 10 фунти. Најголемата распродажба за еден ден со стандардна цена се случи на 30 март 1996 г. (4.783.359) На 22 јануари 1997 г., Сан го обвини канцеларот во сенка Гордон Браун дека ги крадел идеите на Конзервативците, при што напишаа ,,Ако тој може да го понуди само Конзервативното финансиско повлекување, тогаш зошто не гласате за вистинската работа?”и повика на планираниот данок, кој подоцна од страна на владата на Лауристите беше ,,неразумен”. Во февруари 1997 г., на Сер Едвард Хелт (сè уште пратеник) му беше кажано да се повлече за поддршка нанационалната минимална плата.

Поддршка за Ново Лабуристичка партија

уреди

На 18 март 1997 г., Сан ја даде поддршката на Лабуристичката партија, шест недели пред победата на изборите кога водачот Тони Блер стана премиер со големо парламентарно мнозинство и покрај фактот дека весникот ги нападна Блер и Новата лабуристичка партија еден месец пред изборите. Насловот на насовната страна САН ГО ПОДДРЖУВА БЛЕР јасно укажа на тоа дека додека некој сè уште се против политиката на Ново лабуристичката партија, како што се минималната плата и децентрализацијата, весникот веруваше дека Блер е ,,свежиот воздух кој и е потребен на оваа држава”. За конзервативците на Џон Маер напишаа дека се ,, уморни, поделени и обезглавени“. Во замена за поддршката на Руперт Мурдок, Блер се согласи да не се придружи на Европскиот механизам на девизниот курс, којшто по две години го повлече од државата во септември 1992 г. Кабинетот на министерот Питер Менделсон беше ,,отстранет” од Метју Парис (поранешен колумнист во Сан) на Њуснајт на Би Би Си Телевизијата во ноември 1998 г. Погрешното проценување на јавноста, го предизвика уредникот на Сан Дејвид Јеланд да напише едиторијал за тоа дали Британија е управувана од ,,геј мафија” во која има ,,затворен свет од мажи со заеднички интерес ”. Три дена подоцна, весникот се извини со друг едиторијал во кој напиша дека Сан никогаш повеќе нема да ја открива сексуалната определеност на некоја личност, освен ако тоа е во голем интерес од јавноста. Во 2003 г., весникот беше обвинет за расизам од Владата за критиките за она што се нарекува ,,отворена врата” во политиката на имагинацијата. Нападите дојдоа од портпаролот на премиерот, Алестен Кембел и министерот за внатрешни работи Дејвид Бланкет (подоцна колумнист во Сан). Весникот ги отфрлија тврдењата при што веруваше дека тоа не било расизам туку прилив од непроверени илегални имигранти кои го зголемуваа ризикот од терористички напади и инфективни болести. Не помогна нивниот аргумент кога објавија насловна приказна на 4 јули 2003 г., со наслов ,,Печен Лебед”, кој кажуваше дека бегалците ги колеле и ги јаделе лебедите. Подовна се потврди дека не постоело такво нешто. По ова, Сан објави сторија со насов ,,Сега ни ги ловат рибите”. По пресудата од страна на Прес комисијата за жалби, се испечати објаснение на страна 41. И покрај непрекинатите критики за некои политики на владата, весникот ги поддржуваше лабуристите во двата последователни избори во кои и победија. Се зборуваше дека Сан ја поддржуваше Новата Лабуристичка партија на изборите во 1997 г. бидејќи знаела дека Конзервативците немале шанси да победат (анкетите во 1992 г. покажаа дека Лабуристите ќе бидат во водство) и ако ги охрабрувал читателите да гласаат за Конзервативците, подоцна ќе се видеше дека поддржуваат губитник. За изборите во 2005 г., Сан ги бодреше Блер и Лабуристите трета победа по ред и му дадоа завет за последен пат да ги одржи ветувањата и покрај прекорувањата за неколку слабости вклучувајќи го и неуспехот со контрола врз имагинацијата. Сепак, не се заборави надежта дека Тореанците (предоводени од Мајкл Ховарт) еден ден ќе можат да се вратат во Владата. Овие избори (Блер се изјасни дека ова ќе му биде последен мандат како премиер) резултираа со трета победа на лабуристите но со многу помало мнозинство. Насловнота на Сан ,,Војна на теророт” означуваше поддршка за Британските воени сили. На 18 декември 2008 г., во едиторијалот ,,Сан вели” насловен ,,Добро завршена работа” објави дека ,,Британија го напушта Ирак со високо крената глава” како и ,,Преку обврзувањето на Тони Блер и Гордон Браун во Ирак, покажаа дека Британија сè уште ИМА голема улога во светот”.

Уреднички изданија во 2000 година

уреди

Читателите мислеа дека Страна 3 ќе се испушти, поради попустливото општество, кога Ребека Вејд (сега Брукс) стана уредник во 2003 г. Вејд се обидуваше да го натера Дејвид Јеланд, нејзиниот посредник во работата, да ја напушти функцијата, но модел кој го сподели нејзиното име беше искористен за нејзиниот прв ден од вработувањето. Во 2005 г., еден колеџ во Левишам, југоисточен Лондон, го забрани Сан во кампусот бидејќи оцени дека сликите од Страна 3 се деградирачки за жените. На 22 септември 2003 г., весникот погрешно го процени менталното здравје на јавноста, како и нејзината наклонетост кон поранешниот светски боксер шампион во тешка категорија Франк Бруно, кој беше пренесен во болница, кога насловот ,,Глупаците го затворија Бруно” се појави на насловната страна. Негативните ракции, со кои весникот удри по јавноста вечерта на 21 септември, беа предводени со наслов ,,Тажниот Бруно во ментална установа”. Сан отворено се противеше кон другите Европски нации, особено Французите и Германците. Во 80-тите и 90-тите националистите рутински ги опишуваа како ,,жаби”, ,,фриц” или ,,шваби”. Бидејќи весникот се противи на ЕУ, исто така се противеше и на странските водачи кои непријателски веруваа во Велика Британија. Поранешниот претседател на Франција, Жак Ширак, беше обележан како ,, Ле црв“. Една непријателска слика од задникот на Германската канцеларка Ангела Меркел, беше причина за насловот ,,Голема сум кога скитам” (17 април 2006 г.). На 7 јануари 2009 г., Сан објави ексклузивна приказна на насловната страна во која тврдеше дека учесниците во дискутијата на Ummah.com, Британски муслимански интернет форум, направиле ,,список на хејтери”, Британски евреи, кои биле цел на екстермистите во Војната во Газа. Објавија дека ,,Оние кои набројаните (на форумот) треба да се сфатат серизно. Освен кампањата против заканите од страна на 20 или 30 гангстери”. Британскиот магазин ,,Приварно око” твдеше дека Глен Џенви, наведен како експерт за тероризам од Сан, кој постирал на форумот под псевдонимот ,,Абуислам”, беше единствениот член на форумот кој зборуваше со омраза, додека другите членови зборуваа за мирна одбрана, како што е пишувањето на учтиви писма. Подоцна, приказната беше отстранета од мрежното место на Сан по неколкуте жалби упатени до Прес комисијата за жалби. На 9 декември 2010 г., Сан на насловната страна објави приказна во која тврди дека терористичката група Ал Каеда се заканувала со терористички напад врз Телевизија Гранада во Манчестер за да ја прекинат епизодата од сапуницата Коронејшн Стрит да се емитува во живо таа вечер. Весникот цитираше непознати извори, тврдејќи ,,цајканите се замешуваат во емитувањето на вечерашната епизода на Корнејшн Стрит од страв дека таа е мета на Ал Каеда”. Сепак, тоа утро, полиција во Манчестер демантираше дека ,,знаеле за каква било закана од Ал Каеда или од друга организација”. На 28 декември, Сан направи мала исправка и напиша ,,тимот беше на целосно претресување, но немаше никакви закани од Ал Каеда како што објавивме.” Исправката беше покрената од страна на Прес комисијата за жалби. Следниот ден, за нападите во Норвешка во 2011 г., Сан објави предвремено издание во кое ја обвинува Ал Каеда за масакрот. Подоцна се откри виновникот, Андер Брехринг Брејвик, Норвешки националист. Во мај 2008 г., лондонскиот дневен печат се премести во Броксбурн во Хертфордшар, во периферијата на Лондон, каде Меѓународните Вести го изградија најголемиот печатарски центар во Европа со 12 дневни печати. Броксбурн исто така ги произведува и Тајмс и Сандеј Тајмс, Дејли и Сандеј Телеграф, Европскиот весник на Вол Стрит (сега во сопственост на Мурдок), Вечерен Лист на Лондон и локални весници. Трите центри за печатење имаат 600 милиони фунти нето добивка, а со тоа и можат да си дозволат секоја страна на биде во боја од 2008 г. Опремата на Броксбур има капацитет да создади еден милион копии во еден час од таблоид со 120 страни. Во почетокот на 2011 г., компанијата ја напушти зградата, која во ноември 2011 г., се најде на пазарот за 200 милиони фунти.

2009 год: Сан се враќа кај Конзервативците

уреди

Од политичка гледна точка, положбата на весникот не беше толку јасна кога премиерот Гордон Браун го порази Блер во јуни 2007 г. Нивните воведни статии беа критички настроени за политиката на Браун а многу поддржувачки за водачот на Конзервативците Дејвид Камерун. Руперт Мурдок, директор на претпоставената компанија на Сан, Њус Корпорејшн, на состанокот во 2007 со членовите на Горниот Дом, кој инвестираше во сопствеништво на медиумите и вестите, кажа дека се однесува како ,,обичен сопственик”. Ова значи дека тој ги конторира големите прашања како што се која политичка партија да се врати на избори или која политика да се донесе во Европа. Со контроверзијата ,,Скршена Британија” поради проблемите со криминалот, имиграцијата и јавните услуги, на 30 септември 2009, по говорот на Браун на конференцијата во Лабуристичката партија, Сан под транспарентот ,,Изгубија Лабуристите” објави дека повеќе не ја поддржува Лабуристичката партија. ,,Сан верува и се моли, конзервативците да го направат големиот кам бек во Велика Британија” објави Шкотскиот Сан кој беше повеќе двосмислен во неговто уредување. Тој ден на конференцијата во Лабуристичката партија, синдикалниот водач Тони Вудли зборуваше до исечената копија од тоа издание на Сан, како што го направи тоа и со контоверзноста за приказната за Катастрофата во Хилсборо: ,,Во Ливерпул уште одамна научивме што да правиме”. Магазинот Приватно око забележа дека врската дојде кратко по неколку објави од Конзервативците за ставот на Џејмс Мурдок дека бил во центарот на неговото спомен предавање MacTaggart на Меѓународниот телевизиски фестивал во Едингбург во 2009 г. Во ова време, еден напад врз Гордон Браѕн лошо се заврши. По критикувањето дека Сан погрешно го напишал името на мајка на мртов војник, Сан беше присилен да се извини за погрешно напишаното име. Шкотски Сан не ги поддржуваше ниту лабуристите ниту конзервативците, со воведната статија во која напиша ,,допрва треба да нè убедат” од опозицијата на конзервативците, а уредникот Дејвид Динсмор во едно интервју праша ,,Што ќе направи Дејвид Камерун за Шкотска?” Динсмор исто така изјави дека го поддржува Синдикатот и дека не сакаат да ја поддржат Националната Шкотска партија. За време на кампањата за изборите во Велика Британија во 2010 г., весникот Независни (The Independent) печатеше реклами во кои пишеше ,,Руперт Мурдок не одлучува кој ќе победи – вие одлучувате”. Како одговор, Џејмс Руперт и Ребека Вејд ,,се појавија ненајавени и непоканети во издавачката куќа” на The Independent и имаа напнат разговор со уредникот Сајмон Келнер. Неколку дена подоцна, The Independent го објавија неуспехот на Сан за резултатите од анкетата YouGov со што кажаа ,,либералдемократите ќе победат со 49% од гласовите, а со тоа и убедливо мнозинство.” На денот на изборите (6 мај 2010 г.) Сан ги убедуваше читателите да гласаат за ,,модерниот и позитивен“ конзервативец, Дејвид Камерун со цел да ја спасат Британија од ,,катастрофа” ако Лабуристичката партија биде повторно избрана. Изворите завршија со блокиран парламет за првпат во 34 години, со што тореанците имаа најмногу седишта и гласови, но со 20 седишта помалку од вкупното мнозинство. Конечно, на 11 мај, тие дојдоа на власт кога Гордон Браун му го отстапи местото за премиер на Дејвид Камерун при што формира коалиција со Либерал Демократите.

Последиците од скандалот за Вестите од светот

уреди

По аферата за преслушување на телефонотите на Вестите од светот, која го донесе крајот на весникот на 10 јули 2011 г., се појавија шпекулации дека Меѓународните вести ќе започнат со неделно издание во Сан за да ги заменат Вестите од светот. На 5 јули 2011 г., Меѓународните весни и весници ги регистрираа интернет адресите на Мрежните места sunonsunday.co.uk, thesunonsunday.co.uk и thesunonsunday.com. На 24 септември 2007 г., слична интернер адреса на Мрежната страница sunonsunday.com беше регистрирана во Италија. На 18 јули 2011 г., хакерската група ЛулсСекјурити го хакираше мрежното место на Сан, каде што објавија лажна вест за смртта на Руперт Мердок, пред да го пренасочат мрежното место на нивната страна на Твитер. Групата исто така го хакираше и мрежното место на Тајмс. На 28 јануари 2012 г., полицијата уапси четири поранешни и сегашни вработени во Сан, за дел од сондажа во која новинарите плаќале полицајци за да им кажат одредени информации. Исто така и еден полицаец беше уапсен. Уапсените, вработени во Сан беа уредникот за криминалистика Мајк Суливан, уредникот на вестите Крис Паро, поранешниот заменик-уредник Фергус Шанахан и поранешниот уредник Грахам Дадмен, кој подоцна стана колумнист и медиумски писател. Сите петорица уапсени се држеа под сомнение за корупција. Полицијата исто така истражуваше и во канцелариите на Меѓународните вести, издавачите на Сан, како дел од продолжената истрага за скандалот за Вестите од светот. На 11 февруари 2012 г., пет угледни новинари беа уапсени, вклучувајќи го и заменик-уредникот како дел од Операцијата Елведен (истрага за плаќање на британските државни службеници). На 17 февруари 2012 г., Мурдок преку е-пошта соопшти дека уапсените новинари кои биле суспендирани, ќе се вратат на работа како ништо да не било употребено против нив. Тој исто така им соопшти на вработените дека Сан во недела ќе започне да се печати многу брзо. Тој почна со работа на 26 февруари 2012 г. На 27 февруари 2012 г., ден по дебитирањето на Сан во недела, заменик комесарот Сју Акерс, помогна во Левсон истражувањето со што кажа дека полицијата барала ,,мрежа од корумпирани службеници” како дел од нивното истражување за преслушување на телефоните и полициската корупција. Таа кажа дека доказите покажуваат дека постои ,,култура на незаконски плаќања” во Сан со дозвола од нивните претпоставени.

Награди

уреди

Британските награди на печат вклучуваат:

  • Репортер на годината (Џон Кеј, 2001 г.; Тревор Каванг, 2005 г.; Оливер Харвеј, 2006 г.; Том Њутон Дан, 2008 г.)
  • Ексклузивец на годината (Бриони Варден, Трговци на бебиња, 2002 г.; Том Њутон Дан, Пријателски оган, 2008 г.)
  • Награда за она што го кажуваат весниците Фотограф на годината (Питер Џордан, 2007 г.)
  • Насловна страна на годината (Замрачување, 2000 г.; Тука сум само за Де Бир, 2001 г.; Хатон ја предаде тајната, 2005 г.; Хари на нацистите, 2006 г.)
  • Спортски фотограф на годината (Ричард ,,Дики” Пелхам,2000 г., 2009 г.)
  • Најмилата награда за изврсност во таблоидното новинарство (2000 г. 2005 г. 2008 г.)

Добротворни прилози

уреди

Добротворната организација ,,Помош за хероите” покрената од Сан, достигна до 7 милиони фунти за време од осум месеци до јуни 2008 г. за повредени Британски војници и жени, - рекорд во започнување на добротворни прилози. Кампањата доби две награди на Британските награди за печат во 2008 г. Промоцијата и кампањата ,,Слободни книги за училиштата”, во која читателите собираа знаци од весникот во замена за училишни книги, обезбеди 3,5 милиони книги во вредност од околу 20 милиони фунти во 98% од училиштата кои беа регистрирани за овој план. Ова постигнување му донесе на Сан награда за Бизнис во општеството. Две книги напшани и публикувани од Сан беа одобрени од владата за да се употребуваат во училиптата. ,,Држете ја насловната”, во која се опишува 2000 години старата историја на светот во сатира објавена во Сан, се продаде во речиси 100.000 копии. Тогашниот секретар за образование Дејвид Бланкет, подоцна и колумнист во Сан, дека секое училиштре треба да ја има оваа книга како ,,идеална” помош во учењето историја. ,,Гигантски скокови” научна верзија заедно со сличните гледишта на Научниот музеј (Лондон) во 2006 г., беше одобрена од тогашниот премиер Тони Блер, кој за време на говорот во универзитетот Оксфорд читаше пасуси од книгата, и од образовниот секретар Ален Џонсон, кој ја оцени како чекор напред за професорите по наука. Книгата беше победник на наградата Научна книга наградена од Кралското друштво за награди.

Фото-манипулации

уреди

Сан вршеше одредени фото-манипулации ја да ја промени содржината на сликата. Во јули 2008 г., на насловната страна се појави слика од Принцот Вилијам на мал брод, лице, кои инаку имаше значајна позиција на сликата беше отстранет целосно со уредување, менување на сликата. Интернет верзијата на Сан и еден друг весник Метро ја објавија оригиналната слика.

Апсења

уреди

Новинар кој работи во Сан беше уапсен и одведен во полициската станица во југозападен Лондон во 10 часот и 30 минути на 4 ноември 2011 г. Човекот беше шестиот уапсен во Велика Британија под Меѓународните вести поврзани со Операцијата Елведен. Во јануари 2012 г., двајца сегашни и двајца поранешни вработени беа уапсени.

Уредници

уреди
  • Сиднеј Џејкобсон (1964-65 г. Пред да се смени името на Дејли Хералд)
  • Дик Динсдејл (1965-69 г.)
  • Лери Ламб (1969-72 г.)
  • Бернард Шримсли (1972-75 г.; Ламб беше уреднички директор, набљудувајќи ги и Сан и Вестите од светот)
  • Лери Ламб (1975-80 г. Ламб зема шест месеци пауза пред да биде отпуштен од Мурдок)
  • Келвин Мекензи (1981-94 г.)
  • Стјуарт Хиџинс (1994-98 г.)
  • Дејвид Јеланд (1998-2003 г.)
  • Ребека Вејд (2003-09 г.)
  • Доминик Мохан (2009- )

Други верзии

уреди

Шкотски Сан

уреди

Исто така има и шкотско издание на Сан кој започна со работа во 1987 г., познат како Шкотски Сан. Со седиште во Глазгов, весникот се продава на 30 страници. Шкотски Сан исто така се однесува и на ,,евтин, англиски заснован таблоид” според Дејли Рекорд. Го дуплира она што го има во англиското и во велшкото издание но со дополнителни опфаќања за шкотските вести и спорт. Првиот уредник беше Џек Ирвин кој беше преместен од Дејли Рекорд. Ирвин беше таму за да стане генерален директор на Меѓународните вести во Шкотска пред да ја изгради својата компанија, Медиа Хаус Интернешнал, во 1991 г. Во раните 1990-ти години, шкотското издание беше забележано за прв поголем весник кој ја искажува својата поддршка кон Шкотската национална партија. Во тоа време весникот продолжи да ги поддржува и конзервативците, кои во тоа време стануваа зголемена сила во Шкотска. Овој став, сепак, стана многу проблематичен по усвојувањето на поддршката кон Лабуристичката партија од страна на Сан, со оглед на тоа дека ШНП беше главен предизвикувач и најжесток соперник во Шкотска. Шкотското издание беше принудено да вработи згрчена логика за да го оправда своето евентуално повлекување од поддршката кон ШНП во корист на Синдикалната Лабуристичка партија. Сепак, Шкотски Сан направи голем пресврт во времето на шкотските избори од 2007 г., кога на нивната насловна страна испечатија јамка за бесење во форма на логото на ШНП, во која наведија ,,Гласајте за ШНП и ќе ја ставите Шкотска на бесилка”. Шкотски Сан сега ја искажа својата поддршка кон ШНП на изборите во 2011 г. Весникот во фудбалот имаше забрана од срцето на фудбалскиот терен Тјункестл во Мидлотиан, за поттикнување проблеми во клубот Единбург кои се однесуваат на сопственикот Владимир Романов. Две години подоцна тие бунтуваа за облеката на Единбург клубот, со што на некоја од последните страници се напиша дека менаџерот Чаба Ласло беше на работ на напуштање на клубот, по состанокот со сопственикот Владимир Романов за трансфер надоместоците за следната сезона. Се испостави дека овој пар не ни се сретнале сè до денот додека Сан не ја објави оваа лажна вест. До мај 2010 г., дневниот промет беше пресметан до 340.000. На 19 април 2011 година, Шкотски Сан повторно ја поддржа ШНП во изборите во 2011 год, за кој напиша ,,Играј повторно, Салм ... Тој е амбициозен за оваа земја и има сила, личноста и политики за да не води низ овие турбулентни времиња”, со однос на лидеор на ШНП водач Алекс Салмонд за вториот мандат на функцијата.

Ирски Сан

уреди

Исто така постои и ирско издание, со седиште во Даблин со регионално издание за Северна Ирска, познат како Ирски Сан. Неговата содржина е главно составена од гламур и шоу-бизнисот, со Британска верзија, но има ирски вести и уредувачка содржина, како и спорт и реклами. Приказните често ги гледа во многу поразлично светло од оние изјавувани од британските новинари. Еден од интересните примери е тоа како попуштањето на филмот ,,Ветрот кој го треси Барли” беше објавено од Британските новинари опишувајќи го како ,,дизајниран да го привлече угледот на нашата држава преку калта” и ,,и најпознатата ИРА некогаш” , додека Ирското издание го опиша како ,,Црни британци”. Ирски Сан користи малку поголем лист од британскиот и изнесува 1 евро.

Полско издание

уреди

Во јуни 2008 г., Сан стана првиот државен весник кој се произведуваше и на Полски јазик (Полски Сан). Шест изданија се произведоа за поландските мечеви на европското првенство во фудбал во 2008 г.

Поранешни и други весници кои содржат ,,Сан” во името

уреди
  • Прв весник кој го носеше Сан во името беше објавен (од Џон Хериот) во 1792 г. од страна на владата на Пит да се спротивстави на про-револуционерниот печат во тоа време. Објавувањето престана во 1806 г.
  • Првата модерна употреба на зборот Сан како еден наслов на британски весник, беше студентскиот весник на Бирминген колеџот за напредна технологија (кој подоцна стана Астон универзитет во 1966 г.). Бирминген Сан – САН стоеше за Студентска Асоцијација На студенти и беше основана во 1951 г.
  • Во Јужна Африка, два весника имаа инспирација од Сан, вклучувајќи го и името. Дејли Сан (Јоханесбург) е најголемиот дневен весник во земјата и најсензационалистичкиот. Дие Капсе Сон (Кејптаун) почна како неделен весник но стана многу успешен на крајот стана дневен весник. Двете регионални (неделни) изданија, посебно во Јоханесбург и Блумфонтејн, не беа толку успешни и прекинаа со работа.