The Pointer Sisters
The Pointer Sisters (транскрипција: Поинтер систерс) ― американска женска вокална група основана во 1969 година во Оукленд, Калифорнија. Групата ја сочинуваат сестрите: Рут, Ани, Џун и Бони Поинтер, кои постигнале значителен успех на музичката сцена во текот на 1970-тите и 1980-тите години. Познати биле по уникатниот музички стил кој е мешавина на различни жанрови како: ритам и блуз, поп, џез, електронска музика, бибоп, блуз, соул, фанк, денс, кантри и рок-музика. The Pointer Sisters освоиле три Греми награди и во 1994 година добиле ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд. Нивните хитови, како: „I'm So Excited“, „Jump (For My Love)“, „Fire“ и „Slow Hand“, останале влијателни песни до денес.
The Pointer Sisters | |
---|---|
The Pointer Sisters на насловната страница на Cash Box, 27 јануари 1979 година | |
Животописни податоци | |
Познат(а) и како | Pointers, Au Pair |
Потекло | Оукленд (Калифорнија), САД |
Жанрови | |
Период на активност | 1970–денес |
Издавачи | |
Мреж. место | thepointersisters.com |
Членови | |
| |
Поранешни членови | |
|
Во декември 2016 година, списанието Билборд ги ставило на 80-то место на списокот на најуспешни денс-музичари на сите времиња. Во декември 2017 година, Билборд ги ставило на 93-то место на списокот од 100 најуспешни изведувачи на сите времиња[1] и на 32-ро место на списокот од 100 најуспешни музичарки на сите времиња.[2]
Историја
уредиПочетоци и основање (1969-1972)
уредиГрупата The Pointer Sisters била основана како дуо во доцните 1960-ти години, откако сестрите Бони и Џун одлучиле да настапуваат заедно. Подоцна им се придружуле и другите две сестри, Рут и Ани, со што групата била проширена во квартет. Тие почнале да пеат во баптистичките цркви и месни клубови, каде што привлекле внимание поради нивните моќни вокали и шармантни настапи. Првиот договор за снимање го потпишале со Blue Thumb Records во 1972 година.[3]
Први успеси и прв албум (1973-1974)
уредиПрвиот голем успех на The Pointer Sisters го постигнале по издавањето на нивниот прв албум <i id="mwcw">The Pointer Sisters</i> (1973), кој содржел мешавина на различни музички стилови, вклучувајќи: џез, фанк и соул. Албумот добил многу позитивни критики, а групата била пофалена за нивната сестраност и оригиналност. Песната „Yes We Can Can“ станала голем хит и се искачила на единаесто место на Billboard Hot 100.[4]
Пробив и меѓународен успех (1975-1980)
уредиВо 1975 година, The Pointer Sisters го издале албумот Steppin, кој содржел уште еден голем хит, „How Long (Betcha’ Got a Chick on the Side)“. Песната била номинирана за Греми, а една деценија подоцна била семплирана од женското рап-дуо Salt-N-Pepa и преработена од Квин Латифа во 2007 година.
Во 1977 година, Џун и Бони ја напуштиле групата.[4] Џун сакала да одмори, а Бони заминала за да започне соло-кариера.
По враќањето на Џун,[4] трите сестри продолжиле да настапуваат како трио. Нивниот албум Energy (1978) содржел рок и поп елементи, а синглот „Fire“ (преработка на „Fire“ од Брус Спрингстин) станал меѓународен хит и се искачил на второ место на Билборд Хот 100.[4]
Во 1979 година, триото издало албум со потврд рок-звук, насловен Priority.[4]
Врв на популарноста (1981-1985)
уредиThe Pointer Sisters достигнале врв на својата популарност во првата половина од 1980-тите.[5] Во 1983 година, Pointer Sisters го објавиле албумот Break Out,[4] кој станал комерцијален триумф за групата и достигнал мултиплатинест статус. Со започнувањето на емитување на МТV, видеата од песните на The Pointer Sisters биле ставени во тешка ротација. Песните „Jump (For My Love)“, „Automatic“, и „I'm So Excited“ станале светски хитови и освоиле многу награди, вклучувајќи и Греми.[6]
Пад на популарноста и подоцнежни години (1986-Денес)
уредиКон крајот на 1980-тите, популарноста на The Pointer Sisters почнала да опаѓа, но тие продолжиле да снимаат нови песни и да настапуваат.
Во 1994 година, Pointer Sisters добиле ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд. Во 1995 година, Pointer Sisters ја снимиле песната „Feel for the Physical“ во дует со Томас Андерс (од Modern Talking ) за неговиот албум Souled. Тие исто така учествувале на церемонијата на затворање на Летните олимписки игри 1996 година во Атланта.
The Pointer Sisters биле примени во Куќата на славните вокални групи во 2005 година.
Лични животи
уредиНа 11 април 2006 година, Џун Поинтер, најмладата од сестрите, умрела на 52-годишна возраст по долга борба со ракот. Бони починала на 8 јуни 2020 година, во нејзиниот дом во Лос Анџелес, на возраст од 69 години.[7] Анита починала од рак на 31 декември 2022 година.[8]
Дискографија
уреди- Студиски албуми
- The Pointer Sisters (1973)
- That's a Plenty (1974)
- Steppin' (1975)
- Having a Party (1977)
- Energy (1978)
- Priority (1979)
- Special Things (1980)
- Black & White (1981)
- So Excited! (1982)
- Break Out (1983)
- Contact (1985)
- Hot Together (1986)
- Serious Slammin' (1988)
- Right Rhythm (1990)
- Only Sisters Can Do That (1993)
Членови
уредиСегашни членови
уреди- Рут Поинтер (1972-денес)
- Иса Поинтер (2002–2009, 2011–денес)
- Садако Поинтер (2009–денес)
Поранешни членови
уреди- Анита Поинтер (1969–2015; починала во 2022 година)
- Бони Поинтер (1969–1977 година, еднократно во 2009 година; починала во 2020 година)
- Џун Поинтер (1969–1977, 1978–2002; починала во 2006 г.)
Наводи
уреди- ↑ „Greatest of All Time Hot 100 Artists: Page 1“. Billboard. Архивирано од изворникот February 13, 2018.
- ↑ „Greatest of All Time Hot 100 Women Artists: Page 1“. Billboard. Архивирано од изворникот February 5, 2018.
- ↑ Wikane, Christian John (March 5, 2009). „Still So Excited: An Interview with Ruth Pointer“. PopMatters. Архивирано од изворникот November 8, 2012. Посетено на December 22, 2012.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Colin Larkin, уред. (1993). The Guinness Who's Who of Soul Music (First. изд.). Guinness Publishing. стр. 200/1. ISBN 0-85112-733-9.
- ↑ Colin Larkin, уред. (1993). The Guinness Who's Who of Soul Music (First. изд.). Guinness Publishing. стр. 200/1. ISBN 0-85112-733-9.
- ↑ Colin Larkin, уред. (1993). The Guinness Who's Who of Soul Music (First. изд.). Guinness Publishing. стр. 200/1. ISBN 0-85112-733-9.
- ↑ „Bonnie Pointer, a Founder of Sisters' Vocal Group, Dies at 69“. New York Times. June 9, 2020. Посетено на January 13, 2024.
- ↑ „Anita Pointer, Frequent Lead Singer of Famed Sister Act, Dies at 74“. New York Times. January 1, 2023. Посетено на January 13, 2024.
Надворешни врски
уреди- Официјална веб-страница www. ThePointerSisters.com
- The Pointer Sisters — AllMusic (англиски)
- Дискографија The Pointer Sisters
- The Pointer Sisters на Семрежната филмска база на податоци (англиски)