Seavus (на кирилица: Сивус) — меѓународна компанија за развој на софтвер и советодавни услуги. Седиштето на групацијата е во Малме, Шведска.[1] Групацијата обезбедува производи за различни оддели во големи компании и владини агенции. Сивус опфаќа над 50 милиони мобилни претплатници преку своите клиенти.[2]

Seavus
Дејностразвој на софтвер и советодавни услуги
Основано1999
СедиштеМалме, Шведска
Клучни личности
Игор Лештар (Претседател на Управен одбор)
Коча Бошку (Извршен директор)
Вработени
900
Мреж. местоseavus.com

Игор Лештар е Претседател на Управниот одбор на компанијата, а Коча Бошку е Генерален извршен директор.[3]

Историја

уреди

Сивус е основана во 1999 година во Малме, Шведска, со цел да обезбеди напредни деловни софтверски производи за своите клиенти.[1][4]

Во 2003, компанијата ја пушта првата верзија на Seavus Project Viewer.[4]

Во 2004, компанијата ја отвора првата канцеларија во САД со што се шири надвор од Европа за да ги покрие пазарите во Северна и Јужна Америка.[4]

Во 2009, Сивус ги пушта првите верзии на Seavus Project Planner и Savus DropMind; вториот производ е ребрендиран во iMindQ во 2014.[4]

Во 2011 и 2012, TM Forum ја номинира компанијата за наградата „Solution Excellence Award“.[5]

Во 2012, компанијата го претставува Crystal Qube на Светскиот мобилен конгрес во Барселона, Шпанија. Истата година, BestAppEver го доделува третото место на iOS играта Yatzy Ultimate за најдобра игра со зарови и третото место на Black Jack Ultimate за најдобра казино игра.[4][6]

Во 2013, најновото решение за платформата за игри и платежни методи, Seavus Guardians, е презентирано на 12тиот Европски конгрес и експо на iGaming (2013) – најголемиот европски настан на игри во Барселона.[7] Само еден месец подоцна, објавени се уште 6 игри од тимот за игри на Сивус.

Во 2014, Сивус го лансира Neuron Gaming Solutions[8], производ за интернет коцкање и оператори за обложување.[4]

Во 2015, тимот за игри на Сивус ја лансира играта Yatzi Ultimate за Android. Истата година, компанијата продолжува со раст на скандинавскиот пазар преку аквизиција со OnTrax AB, компанија за информатички технологии и советодавни услуги во Стокхолм.[4]

Во 2016, компанијата отвора Сивус инкубатор со цел да поддржи визионерни стартап компании.[4][9][10]

Работење

уреди

Сивус има 15 канцеларии сместени во 8 земји: Шведска, САД, Македонија, Белорусија, Швајцарија, Србија, Босна и Херцеговина, и Молдавија со постојана стратегија за раст.[11]

Компанијата опслужува мултинационална база на клиенти која вклучува повеќе од 3,500 организации. Сивус е Златен партнер на Мајкрософт (Microsoft Gold Partner), а исто така има склучено партнерство со Oracle, Cisco, IBM, Serena Software, ABBYY, Atlassian,Cherwell.[12]

Производи и услуги

уреди

Сивус групацијата испорачува BSS/OSS услуги за телекомуникациски претпријатија, системи за раководење на однос со корисници, системи за управување со искуства на корисници, системи за наплата, решенија за банки и претпријатија во финансиски, трговски и фин-тек индустрии, решенија за осигурување, DWH и решенија за деловна интелигенција, управување со животен циклус на апликации, вградено програмирање и управувани услуги. Компанијата целосно го опфаќа менаџментот на животниот циклус на апликациите, од анализи на барања до употреба, интеграција и целосна поддршка во процесот на изработка.

Сивус е производител на Crystal Qube – решение за искуство на клиенти кое ги трансформира сите податоци на клиентите во деловна интелигенција.[13]

Денес, Сивус е глобално овластен дистрибутер на следните софтверски решенија:

Seavus Project Viewer - софтвер за управување со проекти, дизајниран да им помогне на корисниците (членовите на тимот, водачите на тимот, акционери на проектот и други учесници) да ги прегледаат нивните проектни задачи, да ги испечатат информациите за проектот и да го следат целокупниот статус на проектот.[14][15] Софтверот чита .mpp формат.[16]

iMindQ - софтверска апликација за создавање на когнитивни мапи и бура на идеи која им помага на корисниците во зачувување на креативни идеи, меморирање и подобрување на мисловните процеси, справување со премногу информации и нивно менаџирање, како и менаџирање на задачи и проекти преку употреба на концепт-мапи, дијаграм на тек и когнитивни мапи. Нелинеарниот и логичниот пристап во скицирањето идеи преку когнитивни мапи помага при поединечна или групна бура на идеи.[17][18]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Company overview“. Seavus.com. Архивирано од изворникот на 2018-05-24. Посетено на 5 октомври 2018.
  2. „Telecom“. Seavus.com. Посетено на 5 октомври 2018.
  3. „Seavus“. CrunchBase. Посетено на 12 February 2013.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 „History“. Seavus.com. Архивирано од изворникот на 2018-06-11. Посетено на 5 октомври 2018.
  5. „Seavus® named nominee in TM Forum's Excellence Awards 2012“. PRBuzz.com. 21 март 2012. Архивирано од изворникот на 2015-07-07. Посетено на 5 октомври 2018.
  6. „5th Annual Awards Winner for Best Dice Game“. Best App Ever. 2012. Посетено на 5 октомври 2018.
  7. „The 12th European iGaming Congress (EIG) 2013“. CCA. 8 октомври 2013. Посетено на 5 октомври 2018.
  8. „Btobet“. Посетено на 5 октомври 2018.
  9. „Мултимедијален инкубатор, нов општествено одговорен проект на Seavus“. Makfax.com.mk. 26 февруари 2016. Посетено на 5 октомври 2018.
  10. „Мултимедијален инкубатор – нов општествено одговорен проект на Seavus“. Mia.mk. 26 февруари 2016. Посетено на 5 октомври 2018.[мртва врска]
  11. „Contact us“. Seavus.com. Посетено на 5 октомври 2018.
  12. „Seavus“. Crunchbase. Посетено на 5 октомври 2018.
  13. „Seavus® named nominee in TM Forum's Excellence Awards 2012“. TMC NEWS. 21 март 2012. Посетено на 5 октомври 2018.
  14. „Hands On: Seavus Project Viewer 1.8 (OS X)“. Macnn.com. 6 април 2015.
  15. „Seavus Project Viewer™ certified as Citrix Ready“. Citrix.com. 2 февруари 2012. Архивирано од изворникот на 2019-05-02. Посетено на 5 октомври 2018.
  16. „MPP File Extension“. Посетено на 5 октомври 2018.
  17. „Map Your Social Media Strategy to Success“. Socialmediatoday.com. 7 август 2014. Посетено на 5 октомври 2018.
  18. „iMindQ: Far more than a new mind mapping program“. Mindmappingsoftwareblog.com. 24 јули 2014. Посетено на 5 октомври 2018.