IMindQ
iMindQ (се чита: АјМајндКју) — софтверска апликација за создавање мисловни мапи и генерирање идеи развиена од компанијата Seavus. Апликацијата може да се користи за запишување идеи, организирање состаноци, задачи и проекти, справување со поголем обем на информации и сето тоа со користење на мисловни мапи.
Преглед
уредиАпликацијата iMindQ им овозможува на корисниците да го разјаснат и стимулираат визуелното размислување[1] преку создавање на интуитивни мисловни мапи. Ја поттикнува креативноста, продуктивноста и помнењето, оттука може да се користи како алатка за решавање проблеми на визуелен начин. Распространетата употреба на техниката на создавање мисловни мапи за генерирање идеи и концептуализација наоѓа особена примена во бизнис и образовниот сектор[2], каде корисниците можат визуелно да претстават најразлични процеси или да визуелизираат разни теми и поими.
Оваа техника помага за делотворно организирање на активности, задачи, состаноци, настани, како и за интуитивно запишување на забелешки, создавање на план на активности и полесно меморизирање на одредени теми. Покрај тоа што се користи за наведените работи, апликацијата го овозможува нивното презентирање на иновативен и уникатен начин. Исто така го олеснува планирањето на проекти[3], процесот на генерирање идеи, тимската соработка и комуникација и размената на информации помеѓу соработниците. Поради едноставниот начин на создавање на мапи оваа алатка може да ја користи секој, без разлика на возраста и занимањето.
Процесот на создавање на мисловна мапа е следниов: се тргнува од еден централен наслов кој се разгранува на поднаслови, истовремено користејќи принцип на логичка поврзаност, со цел подробно да се разработи главната тема. Со iMindQ корисниците можат да создаваат таканаречени складишта на знаење, при што алатката дозволува вметнување не само на текст, туку и на графици, фотографии, врски до документи или мрежни места, забелешки каде што може детално да се опише одреден поднаслов, корелации, граници, коментари, разни облици, бои и други елементи.
Особености
уредиiMindQ има флексибилен простор за создавање и одредување приоритет на идеи; опции за планирање на проект (гант-чарт и Work Breakdown Structure дијаграм); панел за пребарување; опција за интерактивните мапи да се зачуваат во HTML формат и презентирање на содржината со еден клик.
Главни одлики на iMindQ:
уредиПоддржани прикази – во iMindQ информациите може да се прикажат на 3 различни начини:
- Приказ на мапа
- Приказ на гант-чарт
- Општ приказ
Во секој од нив корисниците можат да создаваат различни мисловни мапи во зависност од нивните потреби:
- Приказ на мисловна мапа
- Приказ на WBS дијаграм
- Приказ на органска мисловна мапа
- Слободна мапа
Презентација - iMindQ има вграден модул за презентација на сите видови мапи: WBS, органска мапа и мисловна мапа.
Филтрирање – корисниците можат да ја употребуваат напредната опција за филтрирање која ги филтрира насловите според следниве категории:
- Информации за задачата
- Стил на наслов
- Слики и икони
Печатење – Апликацијата поддржува печатење на активниот приказ, вклучуваќи и опции за преглед и прилагодување.
Напредно пребарување – iMindQ има вградена моќна пребарувачка функција којашто овозможува пребарување на текст и фрази во самата мапа. Резултатите од пребарувањето се презентираат во дијалог-рамка во самата апликација со што корисниците брзо ја лоцираат посакуваната информација.
Пребарување на интернет – поддржува пребарување на интернет во самата апликација како и можност за поставување на Прокси.
Најди и замени – Пребарување низ мапата и замена на зборови и фрази.
Зумирање – Приближување и оддалечување на работната површина прикажана на екранот.
Јазици – Апликацијата е достапна на следниве јазици:
- Англиски
- Шпански
- Германски
- Француски
- Португалски
Историја
уредиВерзија | Датум на издавање |
---|---|
iMindQ v8.0 | 4 април 2016 |
iMindQ v7.0 | 20 јули 2015 |
iMindQ v6.2 | 19 март 2015 |
iMindQ v6.1 | 24 декември 2014 |
iMindQ v6.0 | 9 октомври 2014 |
iMindQ v5.0 | 23 февруари 2014 |
iMindQ v4.2 | 27 мај 2013 |
iMindQ v4.1 | 22 ноември 2012 |
iMindQ v4.0 | 20 септември 2012 |
iMindQ v3.5 | 12 август 2012 |
iMindQ v3.3 | 19 февруари 2012 |
iMindQ v3.0 | 13 јуни 2011 |
iMindQ v2.5 | 10 март 2011 |
MindQ v2.4 | 29 ноември 2010 |
MindQ v2.3 | 27 август 2010 |
MindQ v2.2 | 14 јуни 2010 |
DropMind v2.0 | 1 април 2010 |
DropMind v1.1 | 6 август 2009 |
Формат на податотеки
уредиФорматот на датoтеките на iMindQ е .dmmx и е карактеристичен за софтверот. Покрај стандардниот формат на податотеки iMindQ работи и со следниве формати:
Увоз на податотеки
уреди- Microsoft Project 2007/2010/2013
- Microsoft Outlook 2007/2010
- Microsoft Word 2007/2010/2013
- Microsoft PowerPoint
- OPML File
- HTML Map
Извоз на податотеки
уреди- Image (SVG, PNG, JPG)
- Rich Text Format
- Portable Document Format (PDF)
- Hypertext Mark-up Language (HTML)
- Microsoft Excel (CSV)
- Microsoft Project document
- Microsoft Outlook
- Microsoft Word
- Microsoft Project
Поддржани платформи
уредиiMindQ може да се користи на Windows и Mac оперативни системи. Покрај Windows (Windows 8, Windows 7, and Windows vista) и Mac (Mac OS 10.10, 10.9, and 10.8), iMindQ функционира и на iOS и Android. Со верзијата v август 0, iMindQ вклучува и онлајн апликација за создавање мисловни мапи.
Наводи
уреди- ↑ „iMindQ Корисна апликација наменета за зголемување на продуктивност и креативност“. Посетено на April 26, 2018.
- ↑ „Мисловна Мапа за Полесно Учење“ [Mind Map for Easy Learning]. 8 November 2015. Архивирано од изворникот на 2019-10-01. Посетено на 26 April 2018.
- ↑ „6 Steps to Create a Project Plan From Your Mind Map“. Посетено на 26 April 2018.