„Prorok“ (македонски: Пророк) е песна од хрватскиот поп бенд Магазин, од нивниот петнаесетти целокупен и четврт студиски албум со Јелена Розга како главен вокал, насловен S druge strane Mjeseca (Од другата страна на месечината). Како најголемиот број песни, напишана е од страна на хрватскиот музичар и продуцент Тончи Хуљиќ и неговата сопруга, хрватската поетеса и текстописец Вјекослава Хуљиќ. Песната била промовирана преку настапи во живо, како на бендот така и на пејачката при своите подоцнежни солистички концерти. Во 2023, пејачката ја преснимила песната во акустична верзија за нејзиниот акустичен компилациски албум, насловен Minut Srca Mog.