„Kad bi bio blizu“ (македонски: Кога би бил близу) е песна од хрватскиот поп бенд Магазин, од нивниот шеснаесетти целокупен и петти студиски албум со Јелена Розга како главен вокал, насловен Paaa..? (Пааа..?). Како најголемиот број песни, напишана е од страна на хрватскиот музичар и продуцент Тончи Хуљиќ и неговата сопруга, хрватската поетеса и текстописец Вјекослава Хуљиќ. Песната била промовирана преку настапи во живо, како на бендот така и на пејачката при своите подоцнежни солистички концерти. Песната била многу комерцијално успешна и важи за една од најголемите хитови на бендот.