Ногоплоди

семејство растенија
(Пренасочено од Podocarpaceae)

Ногоплоди (науч. Podocarpaceae) — големо семејство на претежно иглолисни растенија, претежно од јужната полутопка. Семејството се состои од 156 видови зимзелени дрва и грмушки.[1] Овие се поделени во 19 рода, ако го броиме родот Phyllocladus, и ако ги прифатиме родовите Manoao и Sundacarpus.

Ова семејство е класичен пример за антарктичка флора, со главни центри на разновидност во Австралазија, особено застапени во Нова Каледонија, Тасманија и Нов Зеланд, и малку помалку застапени во Малезија и Јужна Америка (главно на Андите). Неколку родови виреат северно од екваторот во Индокина и на Филипините. Родот ногоплод (Podocarpus) е распространет на север дури до Јапонија и јужна Кина и Азија, Мексико и Америка. Родот Nageia вирее до јужна Кина и јужна Индија. Два рода се застапени и во потсахарска Африка - широкораспространетите ногоплодови и ендемскиот африкански ногоплод (Afrocarpus).

Parasitaxus usta е единственото паразитско голосемено растение. Вирее во Нова Каледонија, каде е паразит на друг ногоплоден вид, Falcatifolium taxoides.[2]

Наводи

уреди
  1. James E. Eckenwalder. 2009. Conifers of the World. Timber Press: Portland, OR, USA. ISBN 978-0-88192-974-4.
  2. William T. Sinclair, R. R. Mill, M. F. Gardner, P. Woltz, T. Jaffré, J. Preston, M. L. Hollingsworth, A. Ponge, and M. Möller. 2002. "Evolutionary relationships of the New Caledonian heterotrophic conifer, Parasitaxis usta (Podocarpaceae), inferred from chloroplast trnL-F intron/spacer and nuclear rDNA ITS2 sequences". Plant Systematics and Evolution 233(1-2):79-104. doi:10.1007/s00606-002-0199-8

Извори

уреди
  • Christopher J. Quinn and Robert A. Price. 2003. "Phylogeny of the Southern Hemisphere Conifers". Proceedings of the Fourth International Conifer Conference:129-136.

Надворешни врски

уреди