Ливадарка

род растенија
(Пренасочено од Poa)
Ливадарка
Едногодишна ливадарка (Poa annua)
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Монокотиледони
Нерангирано: Комелиниди
Ред: Тревовидни
Семејство: Треви
Потсемејство: Ливадарки
Род: Ливадарка
L.
Видови

околу 500 вида; вид. во текстот.

Стебленце на израсната ливадарка
Лигули на обична ливадарка (Poa trivialis)

Ливадарката (научPoa)[1]род од околу 500 вида на треви од умерените појаси од обете полутопки. Родот спаѓа во потсемејството на ливадарките (Pooideae) на семејството на тревите (Poaceae).

Во родот има и едногодишни и повеќегодишни видови. Највеќето се двополови, но има и некои што се еднополови (посебни машки и женски растенија). Растението расте до висина од половина метар до метар, листовите му се тесни, свиени или рамни, а понекогаш четкасти. Основната обвивка е зарамнета, а некаде задебелена, со тап или качулкаст врв и ципеста лигула.

Одгледување и примена

уреди

Многу од видовите имаат голема важност на пасиштата како храна за добитокот. Правата ливадарка (Poa pratensis) е најзастапената студеносезонска трева на тревници, спортски терени и игралишта за голф во САД.[2] Едногодишната ливадарка (Poa annua) напати се смета за коров, зависно од околностите.[3]

Според римскиот лекар Гален, корењата од извесни видови на ливадарка се добри за лекување на рани и крварење. Во XVI век ливадарките се користеле како лек за воспаление на бубрезите (нефритис).[4]

Некои видови се популарни градинарски треви во Нов Зеланд.

Видови

уреди

Наводи

уреди
  1. од старогрчки: πόα = „трева, ливада“
  2. Dvorchak, Robert (13 јуни 2007). „Oakmont-inspired Stimpmeter allows USGA to accurately measure speed, consistency of putting surfaces“. Pittsburgh Post-Gazette. Посетено на 8 септември 2007.
  3. Ohlendorf, B.; D. W. Cudney, Botany and Plant Sciences, UC Riverside; C. L. Elmore, Vegetable Crops/Weed Science, UC Davis; and V. A. Gibeault, Botany and Plant Sciences, UC Riverside (април 2003). „Annual Bluegrass Management Guidelines--UC IPM“. University of California. Посетено на 8 септември 2007.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  4. Gerarde, John (1597). „The Herball or Generall Historie Of Plantes“. Архивирано од изворникот на 2011-09-27. Посетено на 11 јануари 2009.

Надворешни врски

уреди