Питер Бројгел Помладиот

ренесансно-барокен фламански сликар
(Пренасочено од Pieter Bruegel de Jonge)

Питер Бројгел Помладиот (холандски: Pieter Bruegel de Jonge; 1564/156510 октомври 1636) — фламански сликар, познат како „Пеколниот Бројгел“ поради фантастичните сцени со оган и гротескни фигури. Припаѓал на истакнатото сликарско семејство Бројгел. На делата се потпишувал како Brueghel, поради нестандаризираниот холандски правопис.

Портрет на Питер Бројгел Помладиот од Антонис ван Дајк

Живот

уреди

Роде е во Брисел како најстар син на прочуениот слиакр Питер Бројгел Постариот (наречен „Селанецот Бројгел“) и Мајкен Куке ван Алст. Татко му починал во 1569 г, кога помладиот Питер имал само пет години. По смртта на мајка му во 1578 г, со брат му Јан (наречен „Кадифениот Бројгел“) и сестра му Марија се преселил кај баба му, Мајкен Верхулст, вдовица на сликарот Питер Куке ван Алст. Според Карел ван Мандер, таа самата била сликарка и веројатно нивен прв наставник по ликовна уметност.

Нешто по 1578 г. семејството се преселило во Антверпен, а Питер веројатно се главил за чирак кај пределниот сликар Гилис ван Конингсло (1544–1607). Во записникот за 1584/1585 г. на Лукиниот еснаф, Питер се води како самостоен мајстор. Во 1588 г. се оженил со Елизабета Годеле и имале седум деца. Починал во Антверпен на возраст од 72 години.

Дела

уреди
 
„Селскиот правник“ (1621)
 
„Селска свадба“ од Питер Бројгел Постариот (~1568)
 
Копија на „Селска свадба“ од 1630 г. од Питер Бројгел Помладиот

Сликал предели и сцени со верска и фантастна тематика. Фантастичните сцени содржат мошне бизарни ликови и пламен, со кои го заработил прекарот „Пеколниот Бројгел“.

Покрај сопствените слики, Питер Бројгел Помладиот ги пресликувал татковите дела, пресликувајќи ги со дупчена хартија . Неговите битови слики од селскиот живот ја немаат суптилноста на татко му, каде е изразена проникливоста во човечкото и живописното.[1]

  • „Изградбата на Вавилонската кула“
  • „Распетие“
  • „Светото Семејство со Јован Крстител“
  • „Искачување на Голгота“
  • „Мртва природа со цвеќе“
  • „Мртва природа со Светата Рода“
  • „Селски панаѓур“
  • „Селскиот правник“
  • „Богородица и Исус со малиот Св. Јован и цветен венец“

Семејна лоза

уреди
 
 
 
Питер Бројгел Постариот
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Питер Бројгел Помладиот
 
Јан Бројгел Постариот
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Амброзиј Бројгел
 
Јан Бројгел Помладиот
 
Ана Бројгел
 
Давид Тенирс Помладиот
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Абрахам Бројгел

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Gibson, Michael. "A Dynasty of Painters: Belgium Celebrates the Bruegels". ARTnews (јануари 1981): 130.

Надворешни врски

уреди