PFAFF
PFAFF (германски: PFAFF Industriesysteme und Maschinen AG, PFAFF Industrial) — германски производител на индустриски машини за шиење со седиште во Кајзерслаутерн, Германија. Компанијата денес е во сопственост на SGSB Co. Ltd[2].
Дејност | Машинство |
---|---|
Основано | 1862 како PFAFF |
Основач | Георг Макс Пфаф |
Седиште | Кајзерслаутерн, Германија |
Клучни личности |
|
Вработени | 180 (2014) |
Матично претпријатие | SGSB Co. Ltd |
Мреж. место | pfaff-industrial.com |
Историја
уредиКомпанијата PFAFF била основана во Кајзерслаутерн, Германија во 1862 година од страна на Георг Макс Пфаф (1823-1893). Првата машина на PFAFF била рачно изработена и дизајнирана да шие кожа за производство на чевли[3].
Во 1885 година, Георг отворил продавница за шиење во Лондон. Фабриката PFAFF во тој период била проширена и модернизирана. Георг Пфаф, вториот син на основачот, го презел управувањето со компанијата по смртта на неговиот татко во 1893 година и го проширил понатаму со голем успех.
Во 2006 година американската компанија Kohlberg & Company, сопственик на Сингер, ја купил шведската VSM Group, сопственик на Husqvarna Viking и PFAFF, со што била создадена SVP Worldwide[4].
Во март 2013 германската холдинг-компанија на SGSB Group Co. Ltd., ShangGong (Europe) Holding Corp. GmbH, презела повеќе од 100% од акциите на PFAFF Industriesysteme und Maschinen AG[1].
Галерија
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „ShangGong (Europe) Holding Corp. GmbH took over 100% of the shares of PFAFF Industriesysteme und Maschinen AG in Kaiserslautern“. Dürrkopp Adler. 9 April 2013. Архивирано од изворникот на 2021-05-12. Посетено на 8 December 2014.
- ↑ SGSB Co. Ltd
- ↑ „The history of Pfaff extends over 150 years“. PFAFF Sewing Machines. Посетено на 8 December 2014.
- ↑ „PFAFF® SEWING MACHINE BRAND CELEBRATES 145 YEAR ANNIVERSARY“. SVP Worldwide. 3 December 2007. Архивирано од изворникот на 2014-12-13. Посетено на 8 December 2014.
Надворешни врски
уреди„PFAFF“ на Ризницата ? |