O3Spaces ― систем за управување со документи развиен од O3Spaces BV. Изграден е од екипа софтверски инженери со седиште во Холандија, користејќи OpenOffice.org, StarOffice и ODF апликации како решенија за канцеларија и соработка. Производот е напишан во Java и се заснова на опслужувачот Tomcat со PostgreSQL (исто така се поддржани и други бази на податоци).[1] O3Spaces работи така што на корисниците им обезбедува единствена групна околина семрежно заснована, со вградени можности за пребарување и помошник по можност за работна површина. Се вели дека неговата функционалност за пребарување работи во формати на документи PDF, ODF и Microsoft Office. Во моментов се поддржани прелистувачите Firefox, Internet Explorer и Safari.

O3Spaces B.V.
ВидПриватно
ОснованоГауда, Холандија (2005)
Седиште,
Опслужувани подрачја
ширум светот
ПроизводиO3Spaces Workplace
Мреж. местоwww.o3spaces.com

Историја

уреди

Првото прегледно издание било претставено на јавноста на саемот CeBIT во 2006 година во Хановер, Германија. Првото службено издание, 2.0, било објавено во декември 2006 година. Верзијата 2.2.0 била објавена во декември 2007 година. На 25 јуни 2008 година била објавена верзијата 2.3.0 бета, додавајќи поддршка за Mac OS X платформата. На 19 септември 2008 година, O3Spaces Workplace 2.3.0 била пуштена за јавно користење, вклучувајки поддршка за Mac OS X (опслужувач и клиент) и семрежниот прелистувач Safari. На 6 јануари 2009 година, O3 Spaces Workplace 2.4.0 бил објавен, со вклучување на вградена е-пошта заедно со повеќе дополнувања. Тековната верзија е O3Spaces Workplace 4.1, која вклучува семрежен преглед на документи и решенија за документи  како скенирање, управување со договори, управување со шаблони и архивирање на е-пошта.

Одлики

уреди

Слично како SharePoint и бесплатните Windows SharePoint Services (WSS), O3Spaces го содржи концептот на работни простори. Ова се складишта на документи за работни области создадени за одредена задача или проект. Покрај чувањето на документи, работниот простор содржи збир на стандардни алатки за соработка. Тие вклучуваат групни календари и форум за дискусија за општење и решавање спорови. O3Spaces Workplace обезбедува три главни влезни точки:

  1. семрежен 2.0 AJAX средина заснована на прелистувач
  2. клиент со прелистувач на датотеки на складиштето Workplace таканаречен Помошник при работно место
  3. пакетот Office и приклучоците за клиент за е-пошта за OpenOffice.org / StarOffice, Microsoft Office, Microsoft Outlook и Mozilla Thunderbird

Покрај тоа, O3Spaces Workplace обезбедува:

  1. Управување со шаблони
  2. Пристап до складиште за кодови врз основа на отворени стандарди:
    1. WebDAV
    2. Opensearch
    3. CMIS
  3. Безбедност на документите (контрола на пристап според улоги, безбедни врски, резервни копии, обновување и архивирање)
  4. LDAP интеграција
  5. Интеграција во Зимбра и Зарафа

До складиштето може да се пристапи на неколку начини. Надворешните апликации можат да пристапат до складиштето со користење на протоколот WebDAV или CMIS. Крајните корисници можат да го контролираат складиштето користејќи прелистувач или користејќи го десктоп клиентот.

Пристап со прелистувач

уреди

Пристапот до складиштето со прелистувач е целосна AJAX апликација (изградена на рамката Echo 3). Околината на прелистувачот може да се подели на таканаречена Студио околина и таканаречена Spaces средина. Влезната точка на Студио ја користат администраторите на складиштето. Семрежната апликација Spaces е влезна точка на крајниот корисник.

Пристап преку работната површина

уреди

Клиентот за работна површина (наречен Workplace Assistant) може да биде користена за пристап до складиштето без интернет прелистувач. Овој клиент може да ги инсталира соодветните приклучоци во поддржаните Office пакети.

Платформи

уреди

O3Spaces Workplace е достапно за различни платформи како на пример Linux, Solaris, Windows и Mac OS X. O3Spaces Workplace има неколку партнери кои ја поддржуваат неговата технологија, вклучувајќи ги Mandriva, Sun Microsystems Inc., Xandros, Translucent Technologies итн.

Подесувања

уреди

Пакетот доаѓа во три различни подесувања: On Demand, Enterprise и Workgroup. On demand подесувањето е со модел на софтвер како услуга (SaaS), може да се пристапи од секаде и вклучува надградби на функциите во текот на договорот. Изданијата Workgroup и Enterprise се распоредени во мрежата на компанијата и исто така може да се користат со безбеден пристап до Интернет.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. O3Spaces Technical Description Архивирано на 17 февруари 2010., O3Spaces Workplace - About the software - Technical description.

Надворешни врски

уреди