Microsoft SharePoint Portal Server

Microsoft SharePoint Portal Server е размерлив портал опслужувач што поврзува луѓе, тимови, и знаење преку бизнис процесите. Microsoft SharePoint овозможува флексибилно поставување и алатки за управување со што е олесната колаборацијата преку агрегација, организација и пребарување. Како повеќето портали, Microsoft SharePoint овозможува посетителите да создаваат свој конвенционален изглед на web страните. Приспособувањето на потребите може да биде многу едноставно или многу комплексно, во зависност на типот и верзијата на инсталираниот производ. Microsoft SharePoint е моќен колаборативен модел што тесно е поврзан со Microsoft Office 2003.

Одлики на Microsoft SharePoint се следниве:

  • Сервиси на платформа (Platform Services)
  • Колаборациски и друштвени мрежи (Collaboration and Social Networking)
  • Портали (Portals)
  • Пребарување во рамките на организацијата (Enterprise Search)
  • Управување со содржините на претпријатието (Enterprise Content Management (ECM)) и Управување со Web содржината (Web Content Management (WCM))
  • Управување со бизнис форми и бизнис процеси (Business Forms и Business Process Management (BPM))
  • Business Intelligence

Овој софтвер и овозможува на групата да работи заедно на заеднички проекти, да делат податоци, да синхронизираат распореди во рамките на една мрежа, односно еден интранет. Ваквиот софтвер има за цел да ја олесни работата на групата преку комуникација, соработка, координирање, како и решавање на проблеми, натпреварување или преговарање. Microsoft SharePoint ги има овие особини и може да се категоризира како groupware софтвер, што пак може да се класифицира како асинхрон по време каде корисниците работат од различни места. Времето и локацијата на користење на Microsoft SharePoint се непредвидливи и различни.

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди