„Nirvana“ (македонски: Нирвана) е песна од хрватската поп пејачка Јелена Розга од нејзиниот трет соло студиски албум Moderna žena (2016). Песната е издадена како сингл од албумот во 2012 година. Напишана е од дуото Хуљиќ коешто се состои од музичарот и продуцент Тончи Хуљиќ и неговата сопруга, поетесата и текстописец Вјекослава Хуљиќ. Песната е продуцирана од Борис Ѓурѓевиќ. Со цел да ја промовира песната, Розга ја извела во живо за време на фестивали, а потоа и на нејзините концерти и регионални турнеи, кадешто важи за еден од нејзините најголеми хитови. Песната има и свое музичко видео коешто е издадено на 26 март 2013 година. Видеото ја прикажува Розга како изведува танчарска кореографија, придружена од двајца машки танчари. Покрај тоа, во видеото можат да се видат сцени од природни појави, како ноќ и грмотевици. Музичкото видео е второто најгледано на каналот на Јутјуб на пејачкатa, со повеќе од 41.75 милиони прегледи.[1]
Според текстот, во песната се работи за женски протагонист којшто, го повикува нејзиниот машки партнер да ѝ се придружи за време на ноќта бидејќи таа се наоѓа себеси во состојба на „нирвана“. Покрај својата голема популарност кај публиката, била и комерцијално успешна, искачувајќи се на 16-то место на листата за синглови во Хрватска HR Top 40.[2]