„Obožavam“ (македонски: Обожавам) е песна од хрватската поп пејачка Јелена Розга од нејзиниот трет соло студиски албум Moderna žena (2016). Песната е издадена како сингл од албумот во 2013 година. Напишана е од дуото Хуљиќ коешто се состои од музичарот и продуцент Тончи Хуљиќ и неговата сопруга, поетесата и текстописец Вјекослава Хуљиќ. Песната е продуцирана од Реми Казиноти. Со цел да ја промовира, Розга ја извела „Obožavam“ во живо за време на фестивали, а потоа и на некои од нејзините концерти.
Според текстот, во песната се работи за женски протагонист којшто ги повикува своите фанови да ѝ се приклучат во забавната ноќ. Синглот бил и комерцијално успешен, искачувајќи се на 4-то место на листата за синглови во Хрватска, HR Top 40.[1]