„Dobitna kombinacija“ (македонски: Добитна комбинација) е песна од хрватската поп пејачка Јелена Розга од нејзиниот трет соло студиски албум Moderna žena (2016). Песната е издадена како сингл од албумот во 2012 година. Напишана е од дуото Хуљиќ коешто се состои од музичарот и продуцент Тончи Хуљиќ и неговата сопруга, поетесата и текстописец Вјекослава Хуљиќ. Песната е продуцирана од Реми Казиноти. Со цел да ја промовира песната, Розга ја извела во живо за време на фестивали, а потоа и на нејзините концерти и регионални турнеи, кадешто важи за еден од нејзините најголеми хитови. Песната има и свое музичко видео, коешто е споено заедно со тоа за „Solo igračica“. Ја прикажува Розга, како ја пее песната додека е во дискотека каде што танцува опкружена од посетители. Со спојувањето на двете спота во едно, таа била првата балканска пејачка да направи таков потфат.
Според текстот, во песната се работи за женски протагонист којшто, слави во некој локал кадешто го здогледува својот идеален партнер и е радосна поради тоа што двајцата се „добитна комбинација“.