Астериди
(Пренасочено од Евастериди I)
Според системот APG II (2003) за класификација на цветните растенија, поимот астериди се однесува на клад (монофилетска група).
Астериди | |
---|---|
Канар-чиче (Impatiens balsamina) од редот вресовидни) | |
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
клад: | Евдикоти |
клад: | Јадрени евдикоти |
клад: | Астериди |
Кладови | |
|
Највеќето таксони од овој клад во Кронквистовиот систем (1981) се сметат за членови на Астероликите (Asteridae) и Сраснатоливчести (Sympetalae) во претходните системи. Името „астериди“ (множина, но не секогаш со голема буква) е изведено од претходното ботаничко име, но ова се однесува на клад наместо на формален ранг, во смисла на она што го наложува правилникот ICBN. Овој клад е еден од двете главни групи на евдикоти (другата е розиди). Кладот се состои од:
- клад астериди:
- ред дреновидни (Cornales)
- ред вресовидни (Ericales)
- клад евастериди I
- фамилија лисичинки (Boraginaceae)
- фамилија икацини (Icacinaceae)
- фамилија онкотеки (Oncothecaceae)
- фамилија Валии (Vahliaceae)
- ред гариовидни (Garryales)
- ред зрнцовидни (Solanales)
- ред линцуровидни (Gentianales)
- ред Усноцветовидни (Lamiales)
- клад евастериди II
- фамилија бруниои (Bruniaceae)
- фамилија столпчести (Columelliaceae) (+ фамилијата дефонтении (Desfontainiaceae))
- фамилија еремосини (Eremosynaceae)
- фамилија ескалонии (Escalloniaceae) (+ фамилијата трибели ([Tribelaceae]]))
- фамилија паракрифии (Paracryphiaceae) (+ фамилиите клинопрашници (Sphenostemonaceae) и квинтинии (Quintiniaceae))
- фамилија многумирисни (Polyosmaceae)
- ред божиковиновидни (Aquifoliales)
- ред штитовидни (Apiales)
- ред чешленковидни (Dipsacales)
- ред Ѕвездовидни (Asterales)
Белешка : „ + ....“ = незадолжително, како сегрегат од претходната фамилија.
Надворешни врски
уреди„Астериди“ на Ризницата ? |
- Астериди - Stevens, P. F. (2001-). Филогенија на скриеносемениците. верзија 7, мај 2006 (англиски)