Смрека
Смрека | |
---|---|
Модра смрека (Juniperus communis) | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Оддел: | Четинари |
Класа: | Четинари |
Ред: | Боровидни |
Семејство: | Чемпреси |
Род: | Смрека L. |
Видови | |
во текстот |
Смрека (науч. Juniperus) — род на четинарски растенија од семејството на чемпресите (Cupressaceae). Зависно од класификацијата, постојат 50 до 67 вида со широка распространетост низ северната полутопка, од Арктикот до тропска Африка во Стариот Свет и до планините во Средна Америка. Два автохтони вида во Македонија се нарекуваат фоја.[1]
Во Македонија виреат шест вида на смрека, и тоа: модрата смрека (Ј. communis), планинската смрека (J. procumbens) и црвената смрека (J. oxycedrus), дивата фоја (J. excelsa), питомата фоја (J. foetidissima) и смрделиката (Juniperus sabina).[2]
Опис
уредиПо големина, смреките се движат од дрва високи по 20–40 м до столбести или налегнати грмушки со долги исползени гранки. Тие се зимзелени и имаат иглести и/или лушпести листови. Според половата организација, растенијата може да бидат еднодомни или дводомни. Женските „шишарки“ се месести плодови наречени смрекинки (или „смреклинки“) со сраснати плодни лушпи, долги 4–27 мм и имаат 1-12 тврди семки. Кај некои видови, смрекикнките се црвенокафеави или портокалови, но најчесто се сини. Имаат впечатлива арома и затоа се користат и како зачин. Семките узреваат 6–18 месеци од опрашувањето, зависно од видот. Машките шишарки се сличи на оние кај другите чемпреси и имаат по 6-20 лушпи. Највеќето го испуштаат поленот на почетокот на пролетта, но има и такви што ова го прават на есен.
Голем број видови имаат два типа на листови: иглести (младорасти) и лушпести (старорасти). Малите дрвца и некои изданоци од постарите дрва имаат иглести листови долги 5–25 мм. Листовите на возрасните растеија се многу мали (долги 2–4 мм) и се преклопуваат на краевите, едноподруго во облик на лушпи. Иглестите изданоци на возрасните растенија се јавуваат претежно на гранките што се во сенка, додека пак во сончевиот дел, гранките се возрасни. Постојат и брзорастечки „камшичести“ изданоци што се средна варијанта помеѓу младорастите и старорастите.
Извесни видови (на пр. J. communis, J. squamata) имаат само младорасти листови. Кај некои од нив (на пр. J. communis), игличките се споени во основата, а кај други (на пр. J. squamata), иглите се накосо поставени и излегуваат од стеблото постепено.
Иглите се цврсти и остри, па затоа со нив треба да се ракува внимателно. Од друга страна, ова е мошне корисен начин на распознавање на пладите дрвца, бидејќи другите членови на чемпресите изгледаат многу слично, но игличките им се меки.
Со смрека се хранат ларвите на разни пеперутки.
Од смрекинките се прави алкохолниот пијалак џин.
Класификација
уредиБројот на видови во родот е спорен, бидејќи две скорешни проучувања даваат различни резултати. Едната (Farjon 2001) прифаќа 52 вида, а другата (Adams 2004) признава 67 вида. Поделени се на неколку оддели, иако и ова е предмет на постојано изучување и не се смета за конечно.
- Juniperus sect. Juniperus: игловидни смреки. старорастите се игловидни, во снопчиња од три, споени во основата.
- Juniperus sect. Juniperus subsect. Juniperus: плодови со 3 посебни семиња; иглички со една линија.
- модра смрека (Juniperus communis)
- џуџеста смрека (Juniperus communis subsp. alpina)
- крајбрежна смрека (Juniperus conferta syn. J. rigida var. conferta)
- тврда смрека (Juniperus rigida)
- модра смрека (Juniperus communis)
- Juniperus sect. Juniperus subsect. Oxycedrus: плодови со 3 посебни семиња; иглички со две линии.
- азорска смрека (Juniperus brevifolia)
- канарска смрека (Juniperus cedrus)
- источна бодликава смрека (Juniperus deltoides)
- формоска смрека (Juniperus formosana)
- рјукјуанска смрека (Juniperus lutchuensis)
- црвена смрека (Juniperus navicularis )
- црвена смрека (Juniperus oxycedrus)
- крупноплодна смрека (J. oxycedrus subsp. macrocarpa)
- Juniperus sect. Juniperus subsect. Caryocedrus: шишарки со 3 сраснати семиња; илички со две линии.
- сириска смрека (Juniperus drupacea)
- Juniperus sect. Juniperus subsect. Juniperus: плодови со 3 посебни семиња; иглички со една линија.
- Juniperus sect. Sabina: лушполисни смреки. Старорастите се претежно лушпести, слични на чемпресовите, т.е. во псориставени парови или снопчиња од по три листа, додека пак младорастите се иглести, но не се споени во основата (тука има и неколку што имаат исклучиво игловидни листови). Сите други смреки се наведени тука, иако може да образуваат парафилетска група.
- старосветски видови
- кинеска смрека (Juniperus chinensis)
- меконшка смрека (Juniperus convallium)
- дива фоја (Juniperus excelsa)
- персиска смрека (Juniperus excelsa polycarpos)
- питома фоја (Juniperus foetidissima)
- црна смрека (Juniperus indica)
- Комарова смрека (Juniperus komarovii)
- феникиска смрека (Juniperus phoenicea)
- пиншка смрека (Juniperus pingii)
- Juniperus pingii var. chengii
- Juniperus pingii var. miehei
- Juniperus pingii var. wilsonii
- источноафриканска смрека (Juniperus procera)
- планинска смрека (Juniperus procumbens)
- туркестанска смрека (Juniperus pseudosabina)
- висната смрека (Juniperus recurva)
- бутанска смрека Juniperus recurva var. butanica)
- Коксова смрека (Juniperus recurva var. coxii)
- смрделика (Juniperus sabina)
- даурска смрека (Juniperus sabina var. davurica)
- сечуанска смрека (Juniperus saltuaria)
- полутопчеста смрека (Juniperus semiglobosa)
- лушпеста смрека (Juniperus squamata)
- шпанска смрека (Juniperus thurifera)
- тибетска смрека (Juniperus tibetica)
- хималајска црна смрека (Juniperus wallichiana)
- новосветски видови
- едносемена мексиканска смрека (Juniperus angosturana)
- мексиканска смрека (Juniperus ashei)
- аризонска смрека (Juniperus arizonica) syn. Juniperus coahuilensis var. arizonica или Juniperus erythrocarpa var. coahuilensis)
- карипска смрека (Juniperus barbadensis)
- бермудска смрека (Juniperus bermudiana)
- Бланкова смрека (Juniperus blancoi)
- калифорниска смрека (Juniperus californica)
- коавилска смрека (Juniperus coahuilensis)
- комитанска смерка (Juniperus comitana)
- алигаторска смрека (Juniperus deppeana)
- дураншка смрека (Juniperus durangensis)
- жална смрека (Juniperus flaccida)
- гамбоанска смрека (Juniperus gamboana)
- ползечка смрека (Juniperus horizontalis)
- халисканска смрека (Juniperus jaliscana)
- едносемена смрека (Juniperus monosperma)
- планинска смрека (Juniperus monticola)
- западноамериканска смрека (Juniperus occidentalis)
- сиерска смрека Juniperus occidentalis subsp. australis)
- јутска смрека (Juniperus osteosperma)
- Пинчотова смрека (Juniperus pinchotii)
- сатилјска смрека (Juniperus saltillensis)
- карпестопланинска смрека (Juniperus scopulorum)
- Стендлиева смрека (Juniperus standleyi)
- вирџинска смрека (Juniperus virginiana)
- јужна смрека Juniperus virginiana subsp. silicicola)
- Juniperus zanonii (предложена) [3]
- старосветски видови
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Фоја“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)
- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Смрека“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)
- ↑ Adams, Robert. „Phytologia (април 2010) 92(1)“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-21. Посетено на 2013-06-24.
„Смрека“ на Ризницата ? |
Литература
уреди- Adams, R. P. (2004). Junipers of the World: The genus Juniperus. Victoria: Trafford. ISBN 1-4120-4250-X
- Farjon, A. (2001). World Checklist and Bibliography of Conifers. Kew. ISBN 1-84246-025-0
- Farjon, A. (2005). Monograph of Cupressaceae and Sciadopitys. Royal Botanic Gardens, Kew. ISBN 1-84246-068-4
- Mao, K., Hao, G., Liu J., Adams, R. P. and R. I., Milne. (2010). Diversification and biogeography of Juniperus (Cupressaceae): variable diversification rates and multiple intercontinental dispersals. New Phytologist 188(1): 254-272.
Надворешни врски
уреди- „Смрека“ — Енциклопедија на живиот свет
- Смреки во светот (англиски)
- Смерка (Juniperus) — „База на голосеменици“ (англиски)