Магична битка

(Пренасочено од Jujutsu Kaisen)

Магична битка (јапонски: 呪術廻戦, англиски: Jujutsu Kaisen) — манга создадена од Геге Акутами и објавена од март 2018 г. во неделното списание Weekly Shonen Jump на Shueisha. Поглавјата подоцна биле собрани и повторно објавени како танкобон, со 26 тома и 258 поглавја објавени заклучно со април 2024 г.[1] Тоа е продолжение на предисторијата „Магична битка 0“, објавен од април до јули 2017 г. и подоцна собран во танкобон.

Корицата на првиот том, вклучувајќи го Јуџи Итадори

Мангата е лиценцирана за издавање на англиски јазик во Северна Америка од Viz Media, која ја објавува мангата во печатена форма од декември 2019 г. Shueisha објавува манга на англиски на онлајн платформата Manga Plus. Два лесни романи биле објавени во мај 2019 г. Врз основа на мангата, студиото MAPPA објавило аниме, чија прва сезона се прикажувала од октомври 2020 до март 2021 г. Премиерата на полнометражната филмска адаптација на предисторијата на мангата, Jujutsu Kaisen 0 the Movie, се одржала на 24 декември 2021 г.[2] Втората сезона била премиерно прикажана на 6 јули 2023 г. Анимето е лиценцирано од Crunchyroll за прикажување надвор од Азија.

Содржина

уреди

Јуџи Итадори е атлетски средношколец што живее во Сендај со својот дедо. Поради несакањето кон спортот, тој постојано ја избегнува училишната атлетска екипа и покрај тоа што поседува натчовечка физичка сила. Наместо тоа, тој се приклучува на училишниот окултен клуб, се дружи со средношколците таму и го напушта училиштето точно во 17:00 часот за да го посети својот дедо Васуке Итадори во болница. На смртната постела, неговиот дедо му остава на Јуџи две упатства: „Секогаш помагај им на луѓето“ и „Умри опкружен со луѓе“. По неговата смрт, младинецот ги сведува на една работа: секој човек мора „достоинствено да си замине од овој живот“.

Еден ден, Јуџи наидува на Мегуми Фушигуро, маѓепсник, кој го известува дека во училиштето има талисман со проклетство на високо ниво. Другарите на Јуџи од окултниот клуб испечатиле талисман — гнил прст — и сега тој привлекува Проклетства во училиштето — суштества родени од негативни емоции и стануваат посилни впивајќи ја магичната моќ на маѓепсниците или маѓепсани нешта. Поради недостаток на магична моќ, Јуџи не може да ги победи Проклетствата и решава да го проголта прстот на Сукуна за да го заштити Мегуми и неговите другари. Така тој станува сад за Сукуна, моќно Проклетство. Поради злобната природа на Сукуна, од сите шамани се бара незабавно да го протераат веднаш штом ќе го сретнат, но Јуџи сè уште може да го управува своето тело, па Сатору Гоџо, учителот на Мегуми, одлучува да го префрли Јуџи на Токискиот велеградски магичен колеџ и предлага план: Да се соберат сите прсти, да се нахранат на Јуџи и само после тоа да се убие момчето, со што Сукуна ќе биде уништен засекогаш.

Наводи

уреди
  1. „呪術廻戦 18“ (јапонски). Shueisha. Архивирано од изворникот 2021-12-24. Посетено на 2021-11-20.
  2. Mateo, Alex (2021-03-26). „Jujutsu Kaisen Anime Gets Film This Winter“. Anime News Network. Архивирано од изворникот 2021-03-27. Посетено на 2021-03-26.

Надворешни врски

уреди