Crunchyroll (се чита: Кранчирол) — американска компанија за производство и лиценцирање што се сосредоточува на преносни источноазиски творештва, вклучувајќи аниме, манга, драми и игри. Компанијата е основана во 2006 г. од група дипломци на Калифорнискиот универзитетот во Беркли.[1] Crunchyroll била подружница на AT&T Otter Media, а од 2016 до 2018 г., компанијата соработувала со Funimation Global Group, која на крајот се споила со Crunchyroll во 2022 г., откако Sony го купил Crunchyroll во 2021 г. Компанијата моментално е во сопственост на Sony Pictures Entertainment и Aniplex.

Трговската марка на Crunchyroll

Crunchyroll нуди над 1.000 анимеа, 200 драми и 80 наслови на манги.[2] Достапноста на оваа збирка подлежи на регионални ограничувања.[3] Од 2021 г., услугата има 5 милиони платени претплатници.[4] Crunchyroll, исто така, ги објавува своите производи на видеоносители директно или преку своите партнери за распределба (Aniplex of America, Sentai Filmworks, Viz Media и Discotek Media во Северна Америка, и Anime Limited во Обединетото Кралство).[1][3]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Crunchyroll CEO: Making Online Anime Pay“. ICv2. 2008-12-15. Архивирано од изворникот 2008-12-17. Посетено на 2014-02-26.
  2. „Largest Anime Streaming Service Crunchyroll Surpasses One Million Paid Subscribers“. Crunchyroll (руски). Архивирано од изворникот на 2017-02-15. Посетено на 2017-12-08.
  3. 3,0 3,1 „Which shows are available in my country?“ (англиски). Knowledge Base. Архивирано од изворникот 2017-12-09. Посетено на 2017-12-08.
  4. „Crunchyroll набрал 5 миллионов подписчиков и анонсировал новое аниме“. Архивирано од изворникот 2021-08-04. Посетено на 2021-08-04.

Надворешни врски

уреди