Перуники
Перуники Период: доцна креда - денес | |
---|---|
Од лево на десно: Crocus susianus, Gladiolus communis, Freesia refracta, Iris versicolor, Sisyrinchium graminoides, Belamcanda punctata | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Монокотиледони |
Ред: | Шпаргловидни |
Семејство: | Перуники Juss. |
Потсемејства и племиња | |
|
Перуниките (науч. Iridaceae) се фамилија на скриеносемени растенија од редот Шпаргловидни (Asparagales). Обединува над 2000 видови на многугодишни тревести растенија кои се распространети во целиот свет.
Распространување и екологија
уредиПеруниките се распространети речиси по целиот свет, при што јасно се издвојуваат два центри на распространување: ’Ртска флористичка област, откаде се шират по цела Африка и Европа до 60° СГШ, и воопшто по Стариот Свет (Iris, Crocus, Galaxia, Ixia, Romulea, Gladiolus), а другиот центар - тропска и суптропска Америка (Moraea, неколку видови од родовите Iris, Sisyrhinchium и др.).
Ботанички опис
уредиКај повеќето претставници на оваа фамилија постојат хоризонтални ризоми, повеќе или помалку крупни, со прстенести лузни од отпаднатите листови. На растечкиот дел, ризомот преминува во стебло со листови и цветови; во основата на стеблото може да се забележи лисната пупка која се развива на следниот год и служи за продолжување на ризомот; освен тоа, се одделуваат подземни изданоци со помош на кои ризомот се разгранува; цветоносното стебло изумира секоја година. Кај другите перуники растенија (качунка, неколку видови на перуники, гладиола) ризомот е значително намален и расте во ширина, со што образува т.н. грутчеста луковица (лат. bulbo-tuber), која расте од својот врв секоја година.
Листовите кај повеќето перуники растенија се сместени првенствено на основата на стеблото (ризомот), пред сè поради кратките стеблени коленца (нодии) и ги има три типа: тревести - мембранозни или во вид на полупроѕирни лисни основи кои го обвиваат стеблото заедно со останатите листови; интермедиерни или вистински листови - најдобро развиени: тие се подолги, плоснати, лентообразни или мечовидни, понекогаш закривени во облик на срп; кај мал број видови може да бидат четиристрани, тенколинејни и стеблени; и на крај, врвни или прицветници, често се мембранозни, забраздени, кои образуваат вид на превлака околу цветовите што ги прекрива сè до нивното појавување.
Цветовите во најголем дел се правилни, изградени по троен тип, со 6 делови на околуцветникот распоредени во два круга; надворешните делови се покрупни од внатрешните; прашници има само 3 (само кај родот Campynema има 6) и тие седат спроти надворешните делови на околуцветникот (покровни ливчиња); не се развиени три прашника кои би соодветствувале на трите внатрешните покровни ливчиња. Кај некои видови сите 6 покровни ливчиња се совршено еднакви (качунка), но кај повеќето надворешните 3 се разликуваат од внатрешните, а кај многу претставници тие се сраснати во цевка, која е особено долга кај шафранот - неретко и до 1 dm. Плодницата е долна, трикоморна, со 3 венчевидни устенца кои понекогаш (кај перуниките) се посилно развиени од вистинските венечни ливчиња и лесно можат да се помешаат со последните; кај други видови столпчето на плодницата е просто, но тоа секогаш се распаѓа на 3 помали или поголеми венчевидни устенца.
- [1].
Плод — многусемена кутијка, која се распукува на три дела.
Цветовите на повеќето перуники се специјализирани за опрашување со инсекти, неколку видови од родовите Watsonia, Babiana, Chasmanthe се опрашуваат со птици.[2]
Iris junoniana2.jpg
Перуниките како тема во уметноста
уреди- „Перуники“ (хрватски: Perunike) - слика на хрватската сликарка Марија Брусиќ-Ковачица од 1973 година.[3]
- „Диви перуники“ — краток расказ на македонскиот писател Бошко Смаќоски.[4]
- „Љубов до крај“ — песна на Бошко Смаќоски.[5]
Родови
уреди- Afrocrocus
- Alophia
- Aristea
- Babiana
- Bobartia
- Calydorea
- Chasmanthe
- Cipura
- Cobana
- Crocosmia
- Crocus - Качунка
- Cyanixia
- Cypella
- Devia
- Dierama
- Dietes
- Diplarrhena
- Duthiastrum
- Eleutherine
- Ennealophus
- Ferraria
- Freesia - Фрезија
- Geissorhiza
- Gelasine
- Geosiris
- Gladiolus - Гладиола
- Herbertia
- Hesperantha
- Hesperoxiphion
- Iris - Перуника
- Isophysis
- Ixia
- Klattia
- Larentia
- Lethia
- Libertia
- Mastigostyla
- Melasphaerula
- Micranthus
- Moraea
- Neomarica
- Nivenia
- Olsynium
- Orthrosanthus
- Patersonia
- Phalocallis
- Pillansia
- Pseudotrimezia
- Radinosiphon
- Romulea
- Savannosiphon
- Sisyrinchium
- Solenomelus
- Sparaxis
- Syringodea
- Tapeinia
- Thereianthus
- Tigridia
- Trimezia
- Tritonia
- Tritoniopsis
- Watsonia
- Witsenia
- Xenoscapa
- Zygotritonia
Наводи
уреди- ↑ Андреева И.И., Родман Л.С. (2005). Ботаника. М: Колос. стр. 528. ISBN 5-9532-0114-1.
- ↑ Оранжерейные растения: Таблицы для определения: Сб. науч. ст. М.:Наука, 1991. — 256 с.
- ↑ Središnja Hrvatska - Dvori s pogledom, Hrvatska turistička zajednica, 2009.
- ↑ Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 12-13.
- ↑ Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 55.