Ајсберг

(Пренасочено од Iceberg)

Ајсберг (оригинал: Iceberg) е италијанска луксузнa модна куќа. Основана во 1974 година од Силвано Џерани и Џулијана Маркини,[1] куќата произведува женска и машка „прет-а-портер“ (облека спремна за носење), додатоци, мириси и детска облека. Тој е дел од групацијата Гилмар, основана во 1962 година. Нејзиното седиште е во Сан Џовани ин Марињано, Емилија-Ромања, Италија, и има бутици и продавници во градовите низ Европа, пред сè во Италија, но исто така и во Лимбург, Никозија, Ријад, Дубаи, разни градови во Кина итн.[2] Синот на основачите, Паоло Џерани е креативна личност и раководител.

Iceberg
ДејностМода
Основано1974; пред 50 години (1974), Сан Џовани ин Марињано
Опслужувани подрачја
ширум светот
Производи
СопственикGilmar Group

Почнувајќи како специјалисти за трикотажа, Iceberg биле ран поборник за концептот на модерна спортска облека, подоцна се прошириле кон кожна облека и фармерки. Нивните производи ги носеле Памела Андерсон, Парис Хилтон, Лил Флип, Лил Бил, Лил Ким и Миша Бартон. Лил Флип се повикувал на облеката на Iceberg во многу од неговите песни.[3] Во јули 2011 година, збирката на компанијата била претставена на модната писта на модната ревија „The Brandery“ во Барселона.[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. History of Iceberg Brand
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-11-14. Посетено на 2020-09-26.
  3. bwgreyscale.com Архивирано на 10 мај 2012.
  4. The Brandery, Catwalk, TV Fashion Runway Show Архивирано на 3 септември 2011.

Надворешни врски

уреди