IMViC тестовите претставуваат група на посебни тестови кои се користат во микробиологијата за откривање на колиформи. Колиформ е грам негативна, аеробна или факултативно анаеробна стапчеста бактерија која произведува гас со ферментација на лактозата во рок од 48 часа. Присуството на некои колиформи во водата укажува на фекална контаминација.

IMViC

Четири IMViC тестови

уреди

Четирите тестови од кои се состои оваа метода се:

При овој тест, сомнителниот организам се одгледува на бујон од пептонска вода. Тој содржи триптофан, кој под дејството на ензимот триптофаназа се претвора во молекула на индол, пируват и јаглерод диоксид. Потоа, индолот се екстрахира од бујонот со помош на ксилен. За да се испита бујонот за производство на индол, се додава ковачев реагенс. Позитивен резултат е кога има розов/црвен слој кој се формира на површината на течноста.

Овие два тестови го користат истиот бујон за бактериски раст. Бујонот се нарекува MRVP бујон. По растот, бујонот се дели во две различни епрувети, една за метил црвено тестот (MR) и една за вогес-проскауер тестот (VP). pH индикаторското метил црвено се додава во едната епрувета, при што се појавува црвена боја доколку pH е пониска од 4,2. Ова е позитивен тест. VP тестот користи алфа-нафтол и калиум хидроксид за индикација на позитивен или негативен тест.

Во овој тест се користи сајмонов цитратен агар за да се одреди способноста на микроорганизмите да го користат цитратот како единствен извор на јаглерод. Цитратниот агар е зелен пред инокулацијата (засејувањето на плоча), но преминува во син доколку овој тест е позитивен.

IMViC тестовите се корисни за разликување на фамилијата Enterobacteriaceae, особено кога се користат заедно со уреаза тестот.

Табела: IMViC реакции за одредување на Escherichia coli и Enterobacter aerogenes[1]
Микроорганизам Индолен тест Тест со метил црвено вогес-проскауер Цитратен тест
E. coli + +
E. aerogenes + +

Освен малото “i”, секоја од буквите во “IMViC” стои за еден од горенаведените тестови. “I” е за индол, “M” е метил црвено, “V” е за вогес-проскауер, а “C” е за цитрат.

Наводи

уреди
  1. Ханс Г. Шлегел, Христијан Заборош: Allgemeine Mikrobiologie 7. Auflage, 1992, S. 310