Вогес-Проскауеров опит

(Пренасочено од Вогес-Проскауер тест)

Со Вогес-Проскауеровиот тест се одредуваат бактерии-произведувачи на бутилен гликол. Тој е еден од тестовите на IMViC сериската биохемиска метода за разликување на видовите на колиформни бактерии.

Две култури на бактериска супа, кои покажуваат „позитивен“ резултат (лева страна) и „негативен“ резултат (десна страна) за тестот за ВП.

Реакцијата е развиена од страна на Даниел Вилхелм Ото Вогес и Бернхард Проскауер (германски бактериолози) во 1898 година на Институтот за заразни болести „Роберт Кох“.

Биохемија

уреди

Ацетоинот (ацетил-метил карбинол) е интермедиер при производството на бутилен гликол. При овој тест се додаваат два реагенса (40% KOH и алфанафтол) на бујонот за тестирање (по неговата инкубација и изложување на атмосферски кислород). Доколку е присутен ацетоин, тој се оксидира во присуство на воздух и KOH до диацетил. Диацетилот потоа реагира со гванидинските компоненти на пептонот во присуство на алфанафтол и дава црвена боја. Алфанафтолот дејствува како катализатор и засилувач на бојата.

гликоза → ацетоин
ацетоин → диацетил + H2O
диацетил + гванидинска компонента на пептонот → розова боја

Постапка

уреди

Бактериите кои ќе се тестираат се засејуваат на гликозо-фосфатен бујон и се инкубираат најмалку 48 часа. Се додаваат 0,6 ml на алфанафтол на бујонот и се промешува. Се додаваат 0,2 ml од 40% KOH на бујонот и повторно се промешува. Епруветата треба да отстои 15 минути. Појавата на црвена или розова боја се зема за позитивен тест. Негативните епрувети мора да се држат еден час, бидејќи максималното развивање на бојата се случува до еден час по додавањето на реагенсите.

Вогес-Проскауер позитивни бактерии

уреди

Овој тест се користи првенствено за разликување на видовите на ентеробактерии. Позитивен тест даваат, на пример, Enterobacter, Klebsiella oxytoca, Proteus myxofaciens, Rhanella aquatilis, Serratia marcescens и Serratia rubidaea. Негативна на овој тест е Escherichia coli.