HIStory (албум)
„HIStory: Past, Present and Future, Book I“ (или скратено „HIStory“) е деветтиот студиски албум на американскиот пејач Мајкл Џексон и е издаден на 16 Јуни 1995 година од страна на Епик рекордс. Повеќето песни ги напиша и ги испродуцира Мајкл. Албумот е првото негово издание после тужбата за сексуално малтретирање на дете во август 1993 година.
„HIStory: Past, Present and Future, Book I“ | ||||
---|---|---|---|---|
Студиски албум / Најголеми хитови од Мајкл Џексон | ||||
Издаден | јуни 16 1995 | |||
Снимен | Септември 1994 – Март 1995 | |||
Жанр | поп, Р&Б, рок, хип-хоп | |||
Траење | 71:39 (Диск 1) 77:06 (Диск 2) 148:45 (Вкупно) | |||
Издавачка куќа | Епик рекордс | |||
Продуцент | Мајкл Џексон, Џими Џем & Тери Левис, Далас Аустин, Давид Фостер, Бил Ботрел, Р Кели | |||
Мајкл Џексон — Хронологија | ||||
| ||||
Издадени песни од HIStory: Past, Present and Future, Book I | ||||
|
„HIStory“ е еден од најкотравезните албуми на Џексон. Џексон е оптужуван за антисемитизам поради текстот на песната „They dont care about us“. Џексон неколкупати ја демантираше таа оптужба. Во 2007 во песната „You are not alone“ е откриен плагијаризам, автор на песната е Роберт Силвестер Кели.
Седум синглови се издадени од албумот: „Scream/Childhood“, „You Are Not Alone“, „Earth Song“, „This Time Around“, „They Don't Care About Us“, „Stranger in Moscow“ и „Smile“. Иако не биле успешни во Соединетите Американски Држави, „Earth Song“, „They Don't Care About Us“ и „Stranger in Moscow“ забележале значаен успех на меѓународно ниво, тие станале меѓу десетте најпродавани синглови во многу земји. Првиот диск познат како „HIStory Begins“ е компилација на Џексоновите рани хитови додека другиот „HIStory Continues“ бил компилација на нови песни.
„HIStory“ е генерално позитивно оценет од страна на современите музички критичари. Освен критички, албумот бил и комерцијално успешен наоѓајки се на првото место на топ-листата во дванаесет земји меѓу кој и Соединетите Американски Држави, Канада, Австралија и Обединетото Кралство. „HIStory: Past, Present and Future, Book I“ е најпродаваниот албум на сите времиња кој се состои од два или повеќе диска, со околу дваесет милиони продадени копии ширум светот. Номиниран е за пет Греми награди од кои има освоено еден, за најдобар музички спот во кратка форма. Првиот диск на албумот е повторно издаде на 13 Ноември 2001 под насловот „Greatest Hits: HIStory, Volume I“ и е продаден во околу четири милиони копии ширум светот.