Јужни буки

(Пренасочено од Nothofagaceae)
Јужни буки
Коса јужна бука (N. obliqua)
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносемени
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Розиди
Ред: Буки
Семејство: Јужни буки (Nothofagaceae)
Kuprian.
Род: Јужни буки (Nothofagus)
Blume
Видови

Во текстот

Лисје на коса јужна бука
Дрво од видот N. alpina

Јужни буки (науч. Nothofagus) — род од 35 видови дрва и грмушки умерената океанска до тропска клима на јужната полутопка - јужните делови на Јужна Америка (Чиле, Аргентина) и Австралазија (источна и југоисточна Австралија, Тасманија, Нов Зеланд, Нова Гвинеја и Нова Каледонија). Fossils have recently been found in Антарктикот[1].

Во минатото се сметало дека припаѓаат на семејството на буките, но денес е утврдено дека се генетски засебни и дека припаѓаат во своје сопствено семејство јужни буки (Nothofagaceae).

Листовите им се назабени или цели, зимзелени или листопадни. Плодот им е мал плоснат или триаголен орев, со по 2-7 орева во секое лежиште.

Разните видови јужни буки се храна за ларвите на молците од родот Aenetus, особено видовите A. eximia и A. virescens.

Многу единки на овие дрва се мошне стари, и се смета дека поради климатските промени низ вековите, јужните буки не би можеле да виреат така успешно како што вирееле тогаш.[2]

Таскономија

уреди

Во родот спаѓаат следниве отсеци:[3]

Отс. Brassospora (тип Nothofagus brassi)
Отс. Fuscospora (тип Nothofagus fusca)
Отс. Lophozonia (тип Nothofagus menziesii)
Отс. Nothofagus (тип Nothofagus antarctica)

Ареал

уреди

Ареалот околу јужниот Тихоокеански Обрач укажува на тоа дека распространувањето на родот датира од времето кога Антарктикот, Австралија и Јужна Америка биле поврзани во една голема копнена површина (суперконтинент) наречена Гондвана.[4]

Во Јужна Америка ареалот се протега на север сè до националниот парк Ла Кампана и планините Вискачас во средишниот дел на Чиле.[5]

Наводи

уреди
  1. H.M. Li and Z.K. Zhou (2007) Fossil nothofagaceous leaves from the Eocene of western Antarctica and their bearing on the origin, dispersal and systematics of Nothofagus. Science in China. 50(10): 1525-1535.
  2. J. W. Dawson (1966) Observations on Nothofagus in Нова Каледонија, Tuatara: Том 14, Број 1, април 1966[мртва врска]
  3. Страница за Јужните буки (француски)
  4. „Native Forest Network (2003) Gondwana Forest Sanctuary. Архивирано од изворникот на 2008-05-16. Посетено на 2010-11-27.
  5. C. Michael Hogan (2008) Chilean Wine Palm: Jubaea chilensis, GlobalTwitcher.com, уред. Nicklas Stromberg Архивирано на 17 октомври 2012 г.