„Solo igračica“ (македонски: Соло танчарка) е песна од хрватската поп пејачка Јелена Розга од нејзиниот трет соло студиски албум Moderna žena (2016). Песната е издадена како сингл од албумот во 2012 година. Напишана е од дуото Хуљиќ коешто се состои од музичарот и продуцент Тончи Хуљиќ и неговата сопруга, поетесата и текстописец Вјекослава Хуљиќ. Песната е продуцирана од Реми Казиноти. Со цел да ја промовира песната, Розга ја извела во живо за време на фестивали, а потоа и на нејзините концерти и регионални турнеи. Песната има и свое музичко видео, коешто е споено заедно со тоа за „Dobitna kombinacija“. Ја прикажува Розга, како ја пее песната додека е облечена во бел фустан. Со спојувањето на двете спота во едно, таа била првата балканска пејачка да направи таков потфат.
Според текстот, во песната се работи за женски протагонист којшто, двоумејќи се за изборот меѓу двајца машки партнери, се одлучува да продолжи сама, како „соло танчарка“.