Dinner in The Sky
Dinner in The Sky (во превод: Вечера на небото) ― ресторанска франшиза со седиште во Белгија, која користи кран за да ги подигне своите ресторани, масата и персоналот на чекање 46 метри во воздухот.[1] Списанието Forbes го нарекло еден од десетте најнеобични ресторани во светот.[2]
Dinner in The Sky има подвижни услуги достапни во 60 држави и функционира во различни градови вклучително и Париз[3] и Лас Вегас.[4]
Историја
уредиВо 2007 година, Дејвид Гизелс, сопственик на стопанско друштво за маркетинг и комуникации, соработувал со Стефан Керхофс, организатор на банџи-скокање, за да создаде вечера во воздух за здружението Млади ресторани на Европа (француски: Jeunes Restaurateurs d'Europe). Набргу, Гиселс и Керхофс почнале да добиваат телефонски повици од луѓе низ целиот свет кои сакале да го преземат нивниот концепт за вечера во воздух; Последователно двајцата избрале да ја франшизираат својата идеја.[5] Гиселс рекол: „На луѓето им беше досадно само да одат во истите стари ресторани“.[6]
Во 2008 година, жителот на Лас Вегас, Мајкл Хинден и неговата сопруга Џејн го откриле Dinner in the Sky за време на саем.[5] На 31 декември 2008 година, Хинденс го тестирале концептот во Лас Вегас за време на новогодишната забава за нивните пријатели и деловни партнери.[5][7] Во март 2009 година, Мајкл Хинден започнал да работи на Dinner in The Sky во Лас Вегас на авенијата „Вест Сахара“ за време на викендите.[8]
До август 2009 година, Dinner in the Sky функционирал во повеќе од десетина земји, вклучувајќи ги Канада и Кина. Тогаш Хинден планирал да го пресели својот ресторан во Ласвегашкиот Појас, во празна зграда која била користена како продажна канцеларија за Trump International Hotel. Хинден имал 15 вработени во ресторанот, и се надевал дека ќе започне со работа шест дена во неделата на новата местоположба. Сепак, Стив Вин, сопственик на имотите Wynn и Encore од другата страна на улицата, се спротивставил на планот, нарекувајќи ја Dinner in the Sky „знаменитост слична на карневал".[8] Исто така, Boyd Gaming се спротивставил на преместувањето, што би го сместило ресторанот во близина на неговиот проект Echelon Place.[9] Плановите за преместување на Хинден биле отфрлени од окружните службеници кои забележале загриженост за безбедноста и сметале дека таков ресторан не припаѓа на Ласвегашкиот Појас.[10]
Во јануари 2013 година, во тек биле планови за нова, постојана местоположба во Лас Вегас, во близина на CityCenter. Новата местоположба требала да чини 4 милиони долари, вклучувајќи и ресторан и бар на земја.[11] Во јуни 2013 година била одржана церемонија на поставување камен темелник на местото во Лас Вегас и ресторанот бил првата постојано место на претпријатието.[5][12]
Наводи
уреди- ↑ Biesemans, Bart (16 September 2020). „Fifty meters up and two apart - Belgium's dinner-in-the-sky relaunches“. Reuters. Посетено на 6 февруари 2023.
- ↑ „10 Unusual Restaurants Around The World“. Forbes. 18 декември 2006. Посетено на 6 февруари 2023.
- ↑ „Un restaurant au bord du vide“ (француски). 20minutes.fr. 14 септември 2009. Архивирано од изворникот на 22 септември 2009. Посетено на 6 февруари 2023.
- ↑ „Dinner in the Sky Las Vegas“.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 Daley, Jason (9 јануари 2014). „Meet the Franchise Serving Dinner in the Sky“. Entrepreneur. Посетено на 6 февруари 2023.
- ↑ „Caviar? Golden cake? The world's most extravagant meals“. Reuters. 9 декември 2009. Посетено на 6 февруари 2023.
- ↑ „Desperately seeking DJ“. Las Vegas Sun. 31 декември 2008. Посетено на 6 февруари 2023.
- ↑ 8,0 8,1 Schoenmann, Joe (16 август 2009). „Dining while dangling above Strip proposed“. Las Vegas Sun. Посетено на 6 февруари 2023.
- ↑ Wyland, Scott (22 септември 2009). „Crane-based restaurateur's attempt to move along the Strip thwarted“. Las Vegas Review-Journal. Архивирано од изворникот на 2 февруари 2017. Посетено на 6 февруари 2023.
- ↑ Wyland, Scott (20 август 2009). „County rejects Strip site for Dinner in the Sky“. Las Vegas Review-Journal. Архивирано од изворникот на 2 февруари 2017. Посетено на 6 февруари 2023.
- ↑ Shine, Conor (23 јануари 2013). „New restaurant to offer customers 'Dinner in the Sky'“. Las Vegas Sun. Посетено на 6 февруари 2023.
- ↑ „Dinner in the Sky Groundbreaking“. Las Vegas Sun. 12 јуни 2013. Посетено на 6 февруари 2023.