Диск-џокеј
лице што пушта снимена музика за публика
Диск-џокеј (скратено диџеј; од англискиот збор disk jockey, „јавач на плочи“) — личност што одбира и пушта музика, со задача да забавува други луѓе.
Првите диџеи се појавиле на американските радиостаници во 40-тите години од минатиот век, но првиот забележителен подем го постигнуваат во текот на 50-тите и 60-тите години, водејќи емисии во кои им било дозволено сами да ги бираат песните. Овој начин на работа многу брзо се проширил и во Европа, а набрзо потоа и низ целиот свет.
- Диџеи можат да се сретнат на радио-станици, како и во ноќни клубови и на свечености (свадби, изложби, спортски настани). Нивната улога во културниот живот е огромна, исто како и нивното влијание врз развивањето на истиот.
- Денес поимот диџеј најчесто се поистоветува со електронските диџеи, во извесна мера занемарувајќи ги рап диџеите. Токму првите диџеи кои пуштале електронска музика биле и продуценти на истата, па со тоа и се најзаслужни за нејзиниот и за развојот на огромниот број нејзини стилови/варијации.
Светски познати диџеи
уредиМакедонски диџеи
уреди- Диџеј Хитмен - (познат и како АК-47)
- Мирко Попов - (познат и како БП)
- Галоски
- Dark Beat
- TekBoys ND
- Бабура
- Горан Кан
- Бушава Азбука
- Samoil Radinski
- Dejan Arsov
- Mitrik
„Диск-џокеј“ на Ризницата ? |