CentOS
CentOS е слободна Линукс дистрибуција заснована на Red Hat-овиот комерцијален продукт: Red Hat Enterprise Linux (RHEL). Овој проект се стреми да биде 100% бинарно компитабилен со оригиналниот производ, во однос на главното издание и надградувањата. Дополнителни софтверски архиви содржат понови верзии на такви пакети, како и друг слободен софтвер во форма на RPM пакети. CentOS е кратенка за Community ENTerprise Operating System.
Структура
уредиRHEL е главно составен од бесплатен и слободен софтвер, но употребливата, бинарна форма (како на CD-ROM или DVD-ROM) е достапна само за претплатените корисници. Според лиценцата, Red Hat го издава целиот изворен код на производот под условите на GNU General Public License и други лиценци. CentOS развивачите го користат тој изворен код за да го направат конечниот производ кој е многу случен на RHEL и е слободен за преземање и користење, но не е одржуван од Red Hat. Постојат и други дистрибуции изведени од изворниот код на RHEL, но немаат поддршка од заедницата како CentOS.
CentOS го користи софтверот yum за ажурирање на системот, но постои и можност за користење на up2date. Двете алатки се користат за преземање и инсталирање на дополнителни пакети и нивни зависни пакети, и да преземат и постават повремени и специјални (сигурносни) надоградби од складиштата на CentOS огледалото Архивирано на 28 мај 2006 г..
Претходни верзии
уреди- Првата верзија на CentOS, CentOS 3 build4-rc0, била издадена на крајот на 2003 година. CentOS 3.1 била издадена на 19 март, 2004 [1].
- CentOS 2, заснован на верзија 2.1 на Red Hat Enterprise Linux, бил издаден на 14 мај, 2004 [2].
- CentOS 4.0, базира на Red Hat Enterprise Linux верзија 4, бил издаден за i386 архитектурата [3] Архивирано на 16 ноември 2007 г. и за IA-64 архитектурата на 1 март, 2005.[4].
- CentOS 5.0, заснован на Red Hat Enterprise Linux верзија 5, бил издаден на 12 април, 2007.
Архитектури
уредиCentOS ги поддржува истите архитектури како и Red Hat Enterprise Linux:
- IA-32 (x86 архитектура, 32-bit)
- Intel Itanium архитектура (IA-64)
- x86-64 (AMD64 и Интеловиот EM64T)
- PowerPC/32 (Apple Macintosh и PowerMac на G3 или G4 PowerPC процесор) („бета“ поддршка)
Исто така, CentOS поддржува и две архитектури кои не се поддржани од RHEL:
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место
- Рецензија на CentOS 4.3 Архивирано на 14 октомври 2007 г.
„CentOS“ на Ризницата ? |