Call of Duty 2 — историска пукачка игра од прво лице и втората игра од серијалот Call of Duty. Изработена е од страна на Infinity Ward, а издадена е од Activision. Во продажба е пуштена на 25 октомври 2005 за Microsoft Windows и на 15 ноември 2005 за Xbox 360 во Европа и Северна Америка. Направени се и други верзии за мобилни телефони, џебни компјутери и паметни телефони.

Call of Duty 2

Изработувач(и) Infinity Ward
Aspyr Media (верзија за Mac)
Издавач(и) Activision
ЈАП Konami
Дизајнер(и) Кит Арем, Џејсон Вест, Винс Зампела
Композитор(и) Грeм Ревел
Серијал Call of Duty
Погон IW погон
Последна верзија 1.3
Подлоги Microsoft Windows, Xbox 360, Mac OS X, Windows Mobile, мобилни телефони
Датум на издавање
Жанр(ови) Пукач од прво лице
Режим(и) Самостоен, групен (Интернет/мрежно, Xbox Live)
Медиум ЦД (6), ДВД или преземање со Steam
Побарувања Подлога:
  • Windows:
    • Минимум: 1,4 GHz процесор, Intel Pentium 4 или соодветен AMD, 256 MB РАМ, DirectX 9.0, 64 MB видео картичка со најнови драјвери
    • Препорачано: 2,8 GHz Intel или AMD процесор, 512 MB РАМ, 8x ЦД уред, Nvidia GeForce FX 5200 или подобра со pixel shader 2.0
  • Mac OS X:
    • Минимум: Mac OS X 10.3.9, 1,8 GHz процесор, G5 или Intel Core Duo, 512 MB RAM, ATI Radeon 9600 или NVidia FX 5200 видео картичка
    • Препорачано: Mac OS X 10.4.5, 2,0 GHz G5 или Intel Core Duo, 1 GB РАМ, 128 MB ВРАМ
Начин на
контролирање
Гејмпад, тастатура и глувче

Приказната е за време на Втората светска војна и е проследена низ очите на четири војници, еден во Црвената армија, еден во американската армија и двајца во британската армија.

Играта беше добро прифатена од јавноста, со претежно позитивни оценки од критичарите.[1][2] Верзијата за Xbox 360 има продадено преку 250.000 копии за време на првата недела, а до октомври 2006 има продадено 1,4 милиони.[3][4]

Наводи

уреди
  1. „Call of Duty 2 (PC)“. Game Rankings. Архивирано од изворникот на 2012-01-24. Посетено на 2007-07-20.
  2. „Call of Duty 2 (Xbox 360)“. Game Rankings. Архивирано од изворникот на 2012-01-23. Посетено на 2007-07-20.
  3. „Duty 2 Tops Xbox 360 Launch Sales“. Next-gen. Посетено на 2007-11-15.
  4. Мајк Снајдер (7 септември 2006). „WWII shows no battle fatigue“. USA Today. Посетено на 2009-07-21.

Надворешни врски

уреди