„CA. Blues“роман на српскиот писател Милан Оклопџиќ од 1981 година.

Содржина

уреди

Веќе две недели, Мика се наоѓа во Калифорнија, каде работи како асистент на универзитетот. Тој добива покана за забавата што ја приредува ректорот и таму ја запознава Мери-Луиз со која веднаш започнува љубовна врска. Неговите најдобри другари се режисерот Рон и асистентот Џон кои, исто така работат на универзитетот. Со посредство на Рон ја запознава преубавата девојка Геј на која ѝ пишува многу долго писмо и на тој начин ја освојува. Наскоро, Геј и Мика почнуваат да живеат заедно, иако во меѓувреме тој ја изневерува. Еден ден, таа му соопштува дека е бремена, но Мика не го сака детето така што Геј веднаш го напушта. Во тоа време се одржува премиерата на неговата драма, а тој се преселува во друга куќа, каде живее заедно со Баф и со неговата девојка Лин. Кон средината на јуни, тој се простува со Баф и Лин и заедно со неколку пријатели заминува на пат низ Калифорнија.[1]

Мика и другарите се возат по брегот на океанот, без никаква цел, а патем набавуваат силна дрога која им предизвикува халуцинации. Дружината го обојува возилото во најразлично бои, а по некое време застанува во куќата на еден од патниците (Скот), каде Мика ја запознава сестра му Ненси. Скот и неговата девојка остануваат тука, а останатите го продолжуваат патувањето при што налетуваат на злогласната мотоциклистичка група „Ангели на пеколот“ (англиски: Hell's Angels) и тогаш запаѓаат во голема опасност, но успеваат да побегнат. Кога пристигаат во едно мало место, Мика останува тука неколку дена со проститутката Анџела и со нејзиниот макро Тони, додека другите продолжуваат кон Мексико. По неколку дена, Мика заминува во Лос Анџелес и се сместува во станот на Пати. Тие присуствуваат на големата забава што ја приредува еден филмски продуцент, каде тој има кратка средба со Геј, но таа повеќе не му значи ништо. На забавата се служи дрога и набргу доаѓа полицијата, а Мика и Пати се враќаат во нејзниот стан, каде водат љубов при што цело време не можат да престанат да се смеат. Утредента пристигнуваат возачот на комбите, музичарот Кит и неговата девојка Ма. Кит се наоѓа во многу лоша состојба и Мика го носи во болница. Таму го задржуваат Кит на лекување, а Мика успева да побегне низ прозорецот на тоалетот.[2]

Наводи

уреди
  1. Milan Oklopdžić, CA. Blues (drugo izdanje). Prosveta, Beograd, 1982, стр. 11-142.
  2. Milan Oklopdžić, CA. Blues (drugo izdanje). Prosveta, Beograd, 1982, стр. 145-270.