Birdy
Џезмин Лусила Елизабет Џенифер ван ден Богард[5] (англ. Jasmine Lucilla Elizabeth Jennifer van den Bogaerde; родена на 15 мај 1996), позната по нејзиното уметничко име Берди (англ. Birdy, буквално: Птичка) ― британска пејачка. На 12-годишна возраст победила на музичкиот натпревар Open Mic UK.
Birdy | |
---|---|
На SWR3 фестивалот во Баден-Баден, 2013 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Џезмин Лусила Елизабет Џенифер ван ден Богард |
Роден(а) | 15 мај 1996 Лимингтон, Хемпшир, Англија[1] |
Жанрови | |
Занимања |
|
Инструменти |
|
Период на активност | 2008–денес |
Издавачи |
|
Мреж. место | officialbirdy.com |
На музичката сцена се пробила со преработката на „Skinny Love“ од Бон Ивер, која се нашла на топ-листите низ цела Европа и во Австралија. Нејзиниот прв албум, Birdy, бил издаден на 7 ноември 2011 година и се искачил на прво место во Австралија, Белгија и Холандија.
Живот и кариера
уредиЏезмин ван ден Богард е родена на 15 мај 1996 година во Лимингтон, Англија.[6] Има холандско, белгиско и шкотско потекло[7] и е правнука на глумецот Дирк Богард. Прекарот Берди (македонски: Птичка) го добила од нејзините родители затоа што како бебе широко ја отворала устата како малечка птица која очекувала јадење.
Во 2008 година, на 12-годишна возраст, Берди победила на натпреварот за таленти Open Mic UK. Таму победила во категоријата до 18 години, но освоила и Гран-при победувајќи 10 000 други натпреварувачи.[8][9] Пред девилјадната публика ја извела песната „So Be Free“ која што самата ја напишала.[10]
Во јануари 2011 година, на 14-годишна возраст, Берди објавила преработка на песната од Бон Ивер „Skinny Love“. [11] Песната се искачила на 17-то место на британската топ-листа за синглови. Песната била прикажана и во епизода од „Вампирски дневници“ која се емитувала на 5 мај 2011 година. „Skinny Love“ се искачила на прво место во Холандија.
Нејзиниот прв албум со преработки, Birdy, бил објавен во ноември 2011 година (содржел и една оригинална песна која самата ја напишала); албумот се искачил на прво место во Белгија, Холандија и Австралија.[12][13]
На 7 август 2012 година, Берди го издала EP-то „Live in London“, кое содржело осум песни. Во октомври 2012 година, Берди пеела во живо на француската музичка ТВ-програма Таратата, каде ја извела „Call Me Maybe“ од Карли Реј Џепсен.
На 16 февруари 2013 година, Берди пеела на музичкиот фестивал во Санремо. Нејзиниот втор студиски албум, Fire Within, го објавила на 27 септември 2013 година.[14] На албумот му претходеле две песни: „Wings“ и „No Angel“. Ново EP под наслов Breathe било објавено на 24 септември 2014 година.[15]
На Ехо-наградите во 2014 година, Берди ја освоила наградата за најдобар меѓународен рок/поп-изведувач, победувајќи ги Агнета Фелтског, Лорде, Кети Пери и Кристина Штирмер. За време на церемонијата ја извела песната „Words As Weapons“.[16] [17]
Во јануари 2016 година, Берди го издала „Keeping Your Head Up“,[18] прв сингл од нејзиниот трет албум, Beautiful Lies. „Beautiful Lies“, вториот сингл од албумот бил објавен во февруари,[19] а „Wild Horses“ следел во март.[20] Албумот бил издаден на 25 март 2016 година.
Во декември 2017 година, Variety.com објавил дека Warner/Chappell Music, издавачка групација од Warner Music Group, потпишале со Birdy светски издавачки договор. Мајк Смит, управен директор на Warner/Chappell за Обединетото Кралство, рекол дека Берди е неверојатен талент и дека со нетрпение очекува да работи со неа во годините што следат.[21]
По пауза од музиката, на 4 септември 2020 година Берди објавила нов сингл, „Open Your Heart“. Набргу потоа следело ново ЕР, Piano Sketches, објавено на 6 ноември 2020 година.[22] Содржело четири нумери, првенствено отсвирени на пијано.
Четвртиот албум на Берди, Young Heart, бил издаден на 30 април 2021 година и содржел 16 песни. Таа ги навела: Ета Џејмс, Џони Мичел, Ник Дрејк и Нина Симон како влијанија врз композициите албумот, а песните ги напишала во Лос Анџелес и во Нешвил.[23]
Петтиот албум на Берди, Portraits, бил објавен на 18 август 2023 година.
Дискографија
уредиСтудиски албуми
- Birdy (2011)
- Fire Within (2013)
- Beautiful Lies (2016)
- Young Heart (2021)
- Portraits (2023)
Библиографија
уреди- Birdy (1 October 2019), Birdy: The Piano Songbook (англиски), London: Faber Music Limited, ISBN 978-0-571-54118-8
Наводи
уреди- ↑ Indy Almroth-Wright Twelve year-old 'Birdy' wins UK talent contest. BBC News. December 2008. Retrieved 6 January 2012.
- ↑ Murphy, Casey. „Review: Passenger's latest Album Delivers Powerful Lyricism“. The Ithican. Архивирано од изворникот 4 May 2017. Посетено на 5 July 2017.
- ↑ Radio 1 playlist shows 14th Floor as Birdy's record label. BBC.co.uk (24 February 2007). Retrieved 6 January 2012.
- ↑ Birdy makes Radio 1 sing. Musicweek.com (9 March 2011). Retrieved 6 January 2012.
- ↑ Debrett's Peerage, Baronetage and Knightage, Kelly's Directories, 2000 pg. 1629
- ↑ Daybreak Into Darkness, Rupert Bogarde (Pan) 2002, pp.385-387 ISBN 0-330-48789-2
- ↑ „The Dirk Bogarde Estate“. Архивирано од изворникот на 6 January 2009. Посетено на 8 March 2014.
- ↑ Hewitt, Phil (29 November 2009). „Review: Open Mic UK national grand final, Guildhall, Portsmouth“. Chichester Observer. Архивирано од изворникот на 15 March 2012. Посетено на 17 February 2011.
- ↑ „News | Birdy set to fly high, and take on the UK top 40, after winning singing competition in 2008!“. Openmicuk.co.uk. Архивирано од изворникот на 10 April 2011. Посетено на 31 December 2011.
- ↑ „Festival Guest Appearance“. Pylewell Park Food & Drink Festival 2011. Архивирано од изворникот на 13 November 2011. Посетено на 29 March 2016.
- ↑ Mamona, Sheilla (15 April 2021). „Remember Skinny Love's Birdy? We caught up with her to talk about the reason behind her 5 year hiatus and her big comeback“. Glamour. Посетено на 26 May 2021.
- ↑ „BIRDY - SKINNY LOVE (SONG)“. ARIA Top 50 Singles. 9 September 2012. Посетено на 26 May 2021.
- ↑ „BIRDY - PEOPLE HELP THE PEOPLE (SONG))“. ARIA Top 50 Singles. 9 September 2012. Посетено на 26 May 2021.
- ↑ „Fire Within by Birdy Review“. Metacritic. Архивирано од изворникот на 30 December 2013.
- ↑ „Birdy-'Breathe' EP - TheCelebrityCafe.com“ (англиски). Архивирано од изворникот на 20 December 2018. Посетено на 20 December 2018.
- ↑ „German Echo Music Awards: Avicii, Eminem, Depeche Mode Big Winners“. The Hollywood Reporter. 27 March 2014.
- ↑ „British singer Birdy performs during the 2014 Echo Music Awards in Berlin, on March 27, 2014“. Gettyimages.com.au.
- ↑ Wass, Mike (4 January 2016). „Birdy Drops (Surprisingly) Upbeat Anthem "Keeping Your Head Up"“. Idolator. Архивирано од изворникот на 2016-04-22. Посетено на 15 January 2016.
- ↑ „Listen to "Beautiful Lies," the Title Track from Birdy's Upcoming Album“. Teen Vogue. 18 February 2016. Посетено на 19 February 2016.
- ↑ „BIRDY RELEASES 'WILD HORSES' VIDEO AHEAD OF THIRD ALBUM | WATCH“. Hit The Floor Magazine. 14 March 2016.
- ↑ Variety Staff (15 December 2017). „British Singer Birdy Signs Publishing Deal With Warner/Chappell“.
- ↑ „Birdy Announces New EP "Piano Sketches", Releases New Song "Open Your Heart"“. pm studio world wide music news. 5 September 2020. Архивирано од изворникот на 13 September 2020.
- ↑ King, Danielle (24 May 2021). „TExclusive Interview: Birdy, Wordly & Wonderful Shares Her Secrets“. The Honey POP. Посетено на 7 January 2022.