Back Home (албум на Ерик Клептон)
Back Home е албум од британскиот гитарист, пејач и текстописец Ерик Клептон. Издаден е на 29 август 2005, на светско ниво, а ден подоцна и во САД. Овој е неговиот прв албум, после „Reptile“ (2001), кој вклучува нов и оригинален материјал од Клептон за разлика од неговиот претходен албум, „Me and Mr. Johnson“, каде што сите песни се на Роберт Џонсон, а преработката на Клептон.
„Back Home“ | ||||
---|---|---|---|---|
Album од Ерик Клептон | ||||
Издаден | 29 август 2005 | |||
Снимен | 2004-2005 | |||
Жанр | Блуз-рок | |||
Траење | 60:17 | |||
Издавачка куќа | „Reprise Records“ | |||
Продуцент | Ерик Клептон | |||
Ерик Клептон — Хронологија | ||||
|
Професионални оценки | |
---|---|
Прегледни резултати | |
Извор | Оценка |
Allmusic | линк |
PopMatters | (4/10) линк |
Q | (#231, октомври 2005, стр. 115) |
Rolling Stone | линк |
„Say What You Will“ е песна која Клептон им ја понудил на јапонската музичка група „SMAP“.
Список на песни
уреди- „So Tired“ (Клептон, Симон Клими) - 4:47
- „Say What You Will“ (Клептон, Клими) - 4:35
- „I'm Going Left“ (Стиви Вондер, Сајрета Рајт) - 4:03
- „Love Don't Love Nobody“ (Џозеф Џеферсон, Чарлс Симонс) - 7:13
- „Revolution“ (Клептон, Клими) - 5:00
- „Love Comes to Everyone“ (Џорџ Харисон) - 4:35
- „Lost and Found“ (Доили Бремхал II, Џереми Стејси) - 5:21
- „Piece of My Heart“ (Бремхал II, Сузана Мелвоин, Мајк Елизондо) - 4:22
- „One Day“ (Винс Џил, Беверли Дарнал) - 5:20
- „One Track Mind“ (Клептон, Клими) - 5:04
- „Run Home to Me“ (Клептон, Клими) - 6:18
- „Back Home“ (Клептон) - 3:33
Награди
уредиАлан Даглас и Мајк Гузоски (инженер) ја добија греми наградата за најдобри инжиниран албум, некласичен.
Во чест на Џорџ Харисон
уредиBack Home е првиот студиски албум кој е издаден по смртта на неговиот добар пријател Џорџ Харисон во ноември 2001. Претходниот студиски албум е целосно составен од песни на Роберт Џонсон. Ерик Клептон, во негова чест, ја преработи песната „Love Comes to Everyone“ на Џорџ Харисон од неговиот албум „George Harrison“ од 1979. На оригиналната верзија, Клептон ја свири гитарата на почетокот. За време на турнејата на Џорџ Харисон и Клептон со неговиот бенд во Јапонија, оваа песна била отсвирена само еднаш, односно на првата вечер (1 декември 1991, во „Yokohama Areana“)
Личности
уреди- Ерик Клептон - вокали, гитари
- Стиви Винвуд - синтисајзер
- Били Престон - клавијатура
- Натан Ист - бас гитара
- Винс Џил - гитара
- Стиви гад - тапани
- Пино Паладино - бас гитара
- Џон Маер - гитари
- Ејби Лабориел - тапани
- Гевин Рајт - виолина