BD+30 3639
Кемпбелова ѕвезда ( HD 184738 / HIP 96295 / BD +30 3639) [2] — централна ѕвезда на планетарната маглина PK 064 + 05 1. Се наоѓа во соѕвездието на Лебед 2,5º северно од Албирео (β Лебед) и 1º источно од φ Лебед. На растојание од 1.200 парсеци односно 3.900 светлосни години од Сончевиот Систем.[3][4]
маглина | |
---|---|
Податоци од набљудување: епоха J2000 | |
Ректасцензија | 19ч 34м | 45,233с
Деклинација | +30° 30′ | 58,951″
Оддалеченост | 3.900 сг |
Привидна величина (V) | 10,02 |
Соѕвездие | Лебед |
Физичи особености | |
Апсолутна величина (V) | -1,5 |
Поврзано: Списоци на маглини |
Со привидната величина од 10,41,[2] Кембеловата ѕвезда е Волф-Рајеова ѕвезда од јаглероден спектрален тип [WC9]. Неверојатно жешка со делотворна температура од 55.000 K и е 6000 пати посјајна од Сонцето. Станува збор за ѕвезда која има недостаток на водород и е во напредна развојна фаза. Иако нејзината моментална маса е 60% од онаа на Сонцето, се смета дека првично ѕвездата имала ~ 2 сончеви маси, сега е во фаза на асимптотската гранка на џинови (АГЏ), со што на крајот ќе се претвори во бело џуџе.[3] Нејзиниот хемиски состав е многу различен од оној на Сонцето, има недостаток на железо (Fe/O ~ 0,3), но се забележува зголемено присуство на јаглерод и неон (C/O ~ 30).[4]
Планетарната маглина поврзана со Кемпбеловата ѕвезда има приближна старост од 700 до 800 години.[3][4] За разлика од прашината поврзана со другите развиени WC ѕвезди, е составена воглавно од аморфен јаглен, оваа планетарна маглина има присуство на кристална силикатна прашина, што укажува на неодамнешна промена од хемиски преовладувачкиот кислород на преовладувачкиот јаглерод.[3] Предложено е можност за постоење на ѕвезда придружник која можно е да е мешавина од прашината на планетарната маглина и водород од централната ѕвезда.
Наводи
уреди- ↑ „A giant, smouldering star“. ESA/Hubble Picture of the Week. Посетено на 17 септември 2013.
- ↑ 2,0 2,1 Campbell's star - Planetary Nebula (SIMBAD)
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Crowther, Paul A.; Morris, P. W.; Smith, J. D. (2006). „An Ultraviolet to Mid-Infrared Study of the Physical and Wind Properties of HD 164270 (WC9) and Comparison to BD +30 3639 (WC9)“. 636 (2). pp. 1033-1044. Архивирано од изворникот на 2018-08-09. Посетено на 2019-07-23. Наводот journal бара
|journal=
(help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ↑ 4,0 4,1 4,2 Yu, Young Sam; Nordon, Raanan; Kastner, Joel H.; Houck, John; Behar, Ehud; Soker, Noam (2009). „The X-Ray Spectrum of a Planetary Nebula at High Resolution: Chandra Gratings Spectroscopy of BD +30°3639“. 690 (1). pp. 440-452. Наводот journal бара
|journal=
(help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)