Двоточкеста бубамара
Двоточкеста бубамара | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Класа: | Insecta |
Ред: | Coleoptera |
Семејство: | Coccinellidae |
Род: | Adalia |
Вид: | A. bipunctata |
Научен назив | |
Adalia bipunctata (Linnaeus, 1758) |
Двоточкеста бубамара (науч. Adalia bipunctata) — месојаден[1] тврдокрилец од семејството бубамари. Живее во западна и централна Европа, како и во Северна Америка, но нивниот број е многу опаднат во бројни држави и окрузи. Најчесто се увезува како агент за биолошка контрола.
Таксономија
уредиДвоточкестата бубамара е една од многуте видови што првично ги опишал Лине во неговото дело Система Натура од 18 век, со првичното име Coccinella bipunctata.[2] Името го добила е од латинското bi- „две“, и punctata „точки“.[3] Името може да се напише и како Adalia 2-punctata во зависност од изборот на авторот.
Опис
уредиДвоточкестата бубамара е мала бубачка која може да има црвени и црни форми. Некои форми се слични на друг вид бубамара (Mulsantina picta), но двете бели точки на главата лесно ги разликуваат. Покрај тоа, двоточкестата бубамара е целосно црна на вентралната површина и има црни нозе, што помага да се исклучат сите други видови.
Најпозната форма на двоточкестата бубамара, формата типика со две црни точки на црвена основа, е вообичаена низ сите земји. Црна со 4 или 6 црвени точки е невообичаена, но не и ретка, додека вистинската меланистичка форма пурпуреа е премногу ретка. Во Северна Америка видот покажува најголема варијација, со неколку форми што не се појавуваат на друго место, вклучувајќи форма без точки, форма со четири линии, форма со 9-12 забележливи точки и „вкрстена“ форма. Покрај тоа, постојат средни форми како што се annulata, но тие се јавуваат ретко.[4]
Плен
уредиДвоточкестата бубамара се храни со лисни вошки и други мали инсекти.[1][4][5] Сепак, стерилните војници во рамки на колониите на лисните вошки, (како на пример Pemphigus spyrothecae), можат да се обидат да ја заштитат својата колонијата, борејќи се со овој вид бубамари.
Животен циклус
уредиЖивотниот циклус на двоточкестата бубамара започнува од јајце.[1][5] Ларвата излегува од јајцето со гризење на дупка во него. Ларвата изгледа многу различно од возрасна единка: има издолжено, сиво, меко тело со шест нозе, но нема крилја. Тие се канибалисти. Ларвата минува низ четири фази: со јадење расте и во одреден момент ја исфрла својата стара кожа и се појавува во нова во која може да порасне повеќе. Последната фаза е приближно со големина на возрасна бубачка. Откако доволно ќе се нахрани, ларвата се претвора во кукла, во чија внатрешност се развива возрасната единка. Конечно, возрасната единка излегува од куклата.
-
Животниот циклус на двоточкестата бубамара. Илустрација од „Инсекти, нивниот начин и средства за живеење“, Р. Снодграс
-
Парење
-
Ларва
-
Куклена фаза
-
Возрасна единка
-
Новороденчиња
Аномалии на половиот однос
уредиКај некои популации, поголемиот дел од бубачките се женки. Кај овие популации, 80-90% од потомците се женски. Причината за оваа аномалија е присуството на симбиотски бактерии кои живеат во рамките на гаметичките клетки на женските бубамари. Бактеријата е преголема за да живее во машките гамети (спермата), така што бактеријата може да се пренесе на следната генерација само преку женски гамети. Ако навлезе кај машка бубамара, ќе умре кога бубачката ќе умре. Затоа, ги убива повеќето машки ембриони во новопоставените јајца. Овие мртви ембриони потоа служат како храна за нивните сестри кои излегуваат од јајцата. Оваа особина е поврзана со различни бактерии (Wolbachia,[6] Rickettsia,[7] Spiroplasma [8]). [ потребно е цитат ]
Паразитизам
уредиДвоточкестата бубамара носи и сексуално пренослива инфекција во Средна и Источна Европа. Инфекцијата е ектопаразитски грини (Coccipolipus hippodamiae) која се пренесува меѓу машки и женски за време на парењето.[9] Инфекцијата ги стерилизира женските двoточкести бубамари, а во некои периоди од годината, до 90% од возрасните единки се заразуваат.
Како агент за биолошка контрола
уредиДвоточкестата бубамара се користи како локализиран агент за биолошка контрола против лисните вошки. Двоточкестата бубамара била донесена во Австралија, специјално како агент за биолошка контрола.[10]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Two-spotted Lady Beetle Adalia bipunctata“. www.enature.com. Архивирано од изворникот на 2011-06-14. Посетено на 2009-02-14.
- ↑ Linnaeus, C (1758). Systema naturae per regna tria naturae, secundum classes, ordines, genera, species, cum characteribus, differentiis, synonymis, locis. Tomus I. Editio decima, reformata (латински). Holmiae. (Laurentii Salvii).
- ↑ Simpson, D.P. (1979). Cassell's Latin Dictionary (5. изд.). London: Cassell Ltd. ISBN 0-304-52257-0.
- ↑ 4,0 4,1 „Adalia bipunctata (Linnaeus, 1758:364)“. Discover Life.org. Посетено на February 14, 2009.
- ↑ 5,0 5,1 „Adalia bipunctata two-spotted lady beetle“. animaldiversity.ummz.umich.edu University of Michigan. Архивирано од изворникот на 2012-06-08. Посетено на 2009-02-14.
- ↑ Hurst, G.; Jiggins, F. M.; Graf von Der Schulenburg, J. H.; Bertrand, D.; и др. (1999). „Male killing Wolbachia in two species of insects“. 266. Proc R Soc B: 735–740. Наводот journal бара
|journal=
(help) - ↑ Werren, J. H.; Hurst, G. D. D.; Zhang, W.; Breeuwer, J. A. J.; и др. (1994). „Rickettsial relative associated with male killing in the ladybird beetle (Adalia bipunctata)“. 176. J Bacteriol: 388–394. Наводот journal бара
|journal=
(help) - ↑ Insect Mol Biol. 1999 Feb;8(1):133-9. Invasion of one insect species, Adalia bipunctata, by two different male-killing bacteria. Hurst GD, Graf von der Schulenburg JH, Majerus TM, Bertrand D, Zakharov IA, Baungaard J, Völkl W, Stouthamer R, Majerus ME.
- ↑ Hurst GDD, Sharpe RG, Broomfield AH, Walker LE, Majerus TMO, Zakharov IA, Majerus MEN (1995) Sexually transmitted disease in a promiscuous insect, Adalia bipunctata. Ecological Entomology 20: 230-236
- ↑ „Adalia bipunctata (Linnaeus)“. www.ento.csiro.au CSIRO. 7 July 2005. Архивирано од изворникот на 2012-02-22. Посетено на 2009-02-14.