Марио Јелиќ

македонски трап и хоп-хоп изведувач

Марио Јелиќ, познат под сценското име Кун (р. 7 јуни 1994 во Скопје, Македонија) — македонски музички изведувач и еден од главните претставници на трап-музиката во Македонија. Кун и Антонио Стојановски-Бонтони ја сочинуваат најпопуларната македонска музичка група 2Bona (Два бона).

Марио Јелиќ
ДваБона
Животописни податоци
Роден(а)7 јуни 1994(1994-06-07)(29 г.)
ПотеклоСкопје, Македонија Македонија
ЖанровиТрап, хип-хоп, ар-ен-би и регетон
Период на активност2015—
ИздавачиGlobal Music Entertainment
Членови
Марио Јелиќ
Антонио Стојановски

Животопис уреди

Марио Јелиќ е роден на 7 јуни 1994 година во Скопје, Македонија. Со музика се занимава уште од раните тинејџерски години. Својата прва студиска песна ја снимил во 2009 година заедно со Бонтони Антонио Стојановски. Првиот заеднички настап бил во 2010 година со уште неколку македонски рап групи во ноќен клуб во Скопје. Во 2014 година со Кун потпишуваат договор со Inovativa group, по што настанува групата 2Bona (Два бона). По неколку издадени песни под Inovativa group, 2Bona ја издаваат песната Moet под продукцијата Urban records и стануваат познати на пошироката јавност. По песната Moet ја издаваат песната Balkan и достигнуваат голема слава во Македонија и Балканот. По тој успех остваруваат низа колаборации со познати балкански sвезди, како што се: Слаткаристика, Елена Китиќ, Газда Паја, Криско, THCF, Juice и други. Во 2019 година 2Bona потпишуваат договор со продукцијата Triple M со седиште во Швајцарија, по што следуваат настапи низ цела Европа. На почетокот на 2020 година создаваат своја аудио/видео продукција Gorilla TV. Истата година ја прават песната Joker која е soundtrack за српската серија Јужни ветар и станува еден од најголемите хитови на 2Bona.

Дискографија уреди

 
Марио Јелиќ 2Bona Artist

2Bona:

Колаборации уреди

  • Moet (ft. Таско; 2018)
  • Fuego (ft. Таско & Тракер; 2018)
  • Gang gang (ft. Таско & Тракер; 2019)
  • Riri (ft. Брзотрчиљанми; 2020)
  • Big bank (ft. Бобката & Марсо; 2021)