Во првата групна фаза екипите биле поделени на две групи, секоја содржејќи пет екипи. Секоја екипа играла против екипите во групата на дома и на гости. Освојувачите на првите три места во групите обезбедиле пласман во втората групна фаза(Група Ц). Освојувачите на четвртото и петтото место обезбедиле пласман во втората групна фаза(Група Д). Натпреварите се играле од 16 октомври 2012г. до 15 јануари 2013г.
Најдобрите шест екипи, обезбедиле пласман во групата Ц, каде си ги задржале резултатите од првата фаза и играле против екипите од другата група на дома и на гости. Најдобрите четири екипи обезбедиле пласман на Завршниот турнир.
Останатите четири екипи, обезбедиле пласман во групата Д, кои исто така си ги задржале резултатите од првата фаза и играле против екипите од другата група на дома и на гости.
Натпреварите се играле од 22 јануари 2013г. до 3 април 2013г.