17 септември (настани)
шаблон на Викимедија
1685 | Лондон го зафатила голема епидемија на чума од која умреле околу 70.000 луѓе. |
1939 | Советските единици врз основаа на договорот Рибентроп-Молотов ја нападнале Полска и ги зазеле источните делови. Во нападот се заробени 180.000 војници и околу 9.000 офицери, а потоа почнало ликвидирањето на заробените Полјаци. |
1943 | Во селото Подвис, кичевско почнало да работи првото училиште на македонски јазик. |
1978 | Во вилата Кемп Дејвид завршиле разговорите помеѓу египетскиот претседател Садат, израелскиот премиер Бегин и американскиот претседател Картер. Притоа, биле потпишани два документа: рамки за мир на Блискиот Исток и рамки за мировен договор помеѓу Египет и Израел. |
1996 | Во Пекинг, на Конференцијата на интерпарламентарната унија, Република Македонија е примена во Групацијата на средоземни земји. |