Шунтаро Таникава (јапонски: 谷川 俊太郎; 15 декември 1931 - 13 ноември 2024) — јапонски поет и преведувач. Бил еден од најчитаните и најценетите јапонски поети и во Јапонија и во странство, и чест предмет на шпекулации во врска со Нобеловата награда за литература. Неколку негови збирки, вклучително и неговите избрани дела, се преведени на англиски јазик, а неговата „Пловење на реката во меланхолија“, во превод на Вилијам И. Елиот и Казуо Кавамура, ја добила Американската награда за книга во 1989 година.

Златен венец Шунтаро Таникава
谷川 俊太郎
РоденШунтаро Танкикава во 2015
15 декември 1931(1931-12-15)
Сугинами, Токио, Јапонија
Починал13 ноември 2024(2024-11-13) (возр. 92)
Занимањепоет, преведувач

Животопис

уреди

Таникава е роден на 15 декември 1931 година во Сугинами, Токио. Татко му бил филозофот Тецузо Таникава. Илустраторката Јоко Сано била неговата трета сопруга и илустрирала том од неговите песни: Она Ни, преведена од Вилијам И. Елиот и Казуо Кавамура (Шуеиша, 2012).[1]

Таникава напишал повеќе од 60 книги поезија, покрај тоа што ги превел стиховите на Чарлс Шулц, Кикиритки и Мајката Гуска на јапонски. Тој бил номиниран за наградата Ханс Кристијан Андерсен во 2008 година за неговиот придонес во книжевноста за деца.[2] Тој, исто така, помогнал да се преведе Swimmy од Лео Леони на јапонски. Меѓу неговите придонеси за помалку конвенционалните уметнички жанрови е неговата отворена видео кореспонденција со Шуџи Терајама (Видео писмо, 1983). Од 1970-тите, Таникава, исто така, обезбедува кратки, ономатопејски стихови за сликовници што ги објавил во соработка со визуелниот уметник Садамаса Мотонага, со кој се спријателилл за време на неговиот престој во Њујорк во 1966 година.

Неколку пати соработувал со текстописецот Крис Мосдел, како и создавање на шпил од карти создадени во гатачката традиција на омикуџи на шинтоистичките светилишта, насловени „Ораклите на одвраќањето“ . Таникава, исто така, бил соавтор на Олимпијадата во Токио на Кон Ичикава и го напишал текстот на темата на Howl's Moving Castle. Заедно со Џером Ротенберг и Хироми Ито, учествувал во колаборативната ренши поезија, чиј пионер бил Макото Ока. [3]

Во 2022 година го добил Златниот венец на Струшките вечери на поезијата.[4]

Наводи

уреди
  1. „Sensual poetry on love, marriage“. 3 March 2013.
  2. "Andersen Awards 2008: Nominations", International Board on Books for Young People (IBBY), 2007-07“. Посетено на 2012-01-03.
  3. Tanikawa, Shuntarō, Hiromi Itō, Wakako Kaku, Yasuhiro Yotsumoto, Jerome Rothenberg. Connecting through the Voice, translated by Jeffrey Angles, in Journal of Renga & Renku, issue 2, 2012. p. 169
  4. jaпонскиот-поет-шунтаро-таникава-е-доби/#more-6615 „Jaпонскиот поет Шунтаро Таникава е добитник на наградата „Златен венец" на СВП за 2022 година“ Проверете ја вредноста |url= (help). Струшки вечери на поезијата. Посетено на 24 јуни 2022.

Надворешни врски

уреди