Макото Оока
Макото Оока (јапонски: 大岡 信), (16 февруари 1931 во Мишима — 5 април 2017)[1] — најзначаен современ јапонски поет[2] и литературен критичар.
Макото Оока | |
---|---|
Поглед на музејот Оока Макото Котоба | |
Изворно име | 大岡 信 |
Роден/а | февруари 16, 1931 Мишима, Јапонија |
Починат/а | 5 април 2017 | (возр. 86)
Занимање | поет и литературен критичар |
Националност | Јапонец |
Книжевно движење | Ренши |
Значајни дела | Јапонецот и Планината Фуџи, Ута но саиџики, Игра на огледала: Осум големи поети на современата Јапонија |
Значајни награди | Културна награда на Општина Токио, Награда за поезија и критика на Јапонската академија, Златен венец на Струшките вечери на поезијата |
Бил меѓу првите во колаборативната поетична форма ренши во 1990-тите,[3][4] во која соработувал со добро познати поети како Чарлс Томлинсон, Џејмс Ласдун, Џозеф Стентон, Шунтаро Таникава и Микиро Сасаки.[5]
Животопис
уредиОока студирал до 1953 година јапонска книжевност на Токискиот универзитет. Потоа, работел десет години за весникот „Јомиури Шимбун“. Во 1965 година започнал да предава на Универзитетот Меиџи и од 1970 година станал професор. Од 1988 до 1994 година бил професор на Високата школа за уметност во Токио. Од 1979 до 1981 година бил предводник на Јапонското здружение за современа поезија и од 1989 до 1994 на ПЕН-центарот Јапонија.
Неговите стихови се објавени во превод на повеќе јазици во светот. Има напишано стотина театарски дела, радио и телевизиски драми и филмски сценарија, како и повеќе книги со литературна критика и есеи.[2]
Добитник е на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата во 1996 година.[2]
Награди
уреди- 1993: Културна награда на Општина Токио
- 1993: Officier de l'Ordre des Arts et des Lettres (Франција)
- 1995: Награда за поезија и критика на Јапонската академија на уметностите
- 1996: Награда Асахи
- 1996: Златен венец на Струшките вечери на поезијата
- 1997: Награда за културно достигнување
- 2002: Награда на Фондација Јапонија
Наводи
уреди- ↑ Welcome to Japanese Poetry Архивирано на 15 мај 2018 г., Poetry International, 2006
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Онишченко“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1076. Text "series " ignored (help)
- ↑ Profile of Makoto Ooka Архивирано на 6 јануари 2013 г.
- ↑ Innovative Japan poet bags Japan Foundation prize
- ↑ Tomlinson, Charles, Makoto Ooka, James Lasdun, Hiroshi Kawasaki and Mikiro Sasaki. An extract from Departing Swallows, in Journal of Renga & Renku, issue 2, 2012. p162