Штитоносци
Различни форми на разноштитни штитоносци (Heterostraci).
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Потколено: ’Рбетници
Наткласа: Безвилични ’рбетници
Класа: Штитоносци

Штитоносци (науч. Ostracodermi) — изумрени примитивни безвилични ‘рбетници чии тела биле препокриени со оклоп од коскени плочки. Нивните фосили се наоѓани во слоевите од ордовикот и девонот од Северна Америка и Европа. Тие најчесто биле помалку од 30 cm долги и најверојатно биле бавни, бентосни животни.[1]

Друга новина кај штитоносците била употребата на жабри, но не како апарат за исхрана, туку исклучиво за дишење. Раните хордати со жабри ги користеле истите како за исхрана, така и за дишење. Штитоносците имале одделни голточни жабрени торбички долж страните на главата, кои биле постојано отворени, без жабрено капаче (оперкулум) за заштита. За разлика од без‘рбетниците кои ја користат активноста на трепките за да ги придвижат хранливите честички, штитоносците го користеле својот мускулест голтник за да создадат вшмукувачка сила која го потиснувала малиот и слабодвижечки плен кон нивните усти.

Штитоносците постоеле како две главни групи, попримитивните разноштитни (Heterostraci) и цефаласпидоморфите. Цефаласпидите биле понапредни од разноштитните, бидејќи поседувале странични стабилизатори за поголема контрила на нивното пливање.

По појавата на ‘рбетниците со вилица (односно оклопните риби, бодликавите ајкули, ајкулите итн.) пред околу 400 милиони години, се намалил бројот на повеќето штитоносци, а последните штитоносци изумреле на крајот на Девон.

Поткласата Ostracodermi е сместувана во надкласата на безвилични ‘рбетници (Agnatha) заедно со поткласата на ‘рбетниците со вилица (Ganthostomata), каде припаѓаат змиулките и миксините. Овој поим не се појавува многу често во денешните систематики, бидејќи оваа група животни е парафилетичка или полифилетичка. Меѓутоа, поимот "штитоносец" или "остракодерм" е сè уште во употреба како неформален поим за штитестите безвилични ‘рбетници од Палеозоикот.

Некои поглавни групи на штитоносци се:

Наводи

уреди
  1. „JSTOR: Philosophical Transactions of the Royal Society of London. Series B, Biological Sciences, Vol. 225, No. 527 (Oct. 22, 1935 ), pp. 381-457“. www.jstor.org. Посетено на 2008-05-13.